Блогерка го контурира лицето без да употреби грам шминка

Контурирањето на лицето беше техниката која го одведе шминкањето на сосема ново ниво. Но, начинот на контурирање на оваа блогерка ќе ве остави без зборови.

blogerka-go-konturira-liceto-bez-da-upotrebi-gram-sminka-001.jpg

Фарах Дукаи е блогерка која објави туторијал за контурирање на Инстаграм во кој воопшто не користи шминка.

Видеото има над 1 милион прегледи и ви нуди алтернативен начин на контурирање со смеси од производи кои ги имате дома.

Потребни ви се две смеси. Првата е составена од јогурт, мед и листови од ружа, додека втората содржи зрна кафе, какао во прав и мед. Таа ги става овие две смеси на деловите кои сака да ги истакне и контурира.

Blogerka-go-konturira-liceto-bez-da-upotrebi-gram-sminka-02

Како функционира сето тоа: течноста од венечните ливчиња ја осветлува и тонира кожата, додека медот е полн со антиоксиданси кои ќе направат вашата кожа да сјае. Исто така медот е одличен за третман на акните бидејќи има антибиотски карактеристики, ја смирува кожата и ја чисти од бактерии.

Млечната киселина која ја има во јогуртот исто така ја смирува кожата, па често се препорачува чистење на црвените делови на лицето со неколку капки јогурт на памук.

Blogerka-go-konturira-liceto-bez-da-upotrebi-gram-sminka-03

Кафето, од друга страна, ја собира непотребната влажност и ја израмнува кожата, стеснувајќи ги масните клетки. Тоа прави кожата да изгледа поцврста и позатегната, па токму затоа е клучна состојка во многу антицелулитни креми.

Откако маската целосно ќе се исуши, истата се плакне со млака вода и кружни движења, а резултатот ќе ве остави без зборови.

Blogerka-go-konturira-liceto-bez-da-upotrebi-gram-sminka-04

Погледнете го видеото:

 

A video posted by Farah D (@farahdhukai) on

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава