3 бои на кармини кои ќе посакате да ги имате оваа есен

Кармините за усните се тоа што и обетките за увото – никогаш доста од двете.

3-boi-na-karmini-koi-mora-da-gi-imate-ovaa-esen-01.jpg

Оваа сезона задолжително имајте некоја (или сите) од трите бои кои ги нуди есенската палета на декоративна козметика.

Кои три кармини треба да си го најдат своето место во вашиот несесер за претстојната сезона?

Кафеави усни во стилот на ’90-тите

Усните во боја на какао кои ја означија декадата на минатите ‘90ти години повторно се хит помеѓу визажистите.

Ладни или топли кафеави тонови, со мат или малку сјаен финиш се полн погодок за оваа есен, со малку бронзер или руменило во бакарна нијанса.

3-boi-na-karmini-koi-mora-da-gi-imate-ovaa-esen-02_copy.jpg

Усни во боја на модра слива

Зарем има нешто што потсетува повеќе на есен од модрите сливи и темното грозје? Пурпурните нијанси ги освоија сите.

Нанесете го карминот со совршена прецизност и бидете смела убавица. Комбинирајте со црн туш и убаво истакнати трепки.

3-boi-na-karmini-koi-mora-da-gi-imate-ovaa-esen-03.jpg

Кармин во топли нијанси на праска

Нежната корална нијанса е тука да нè потсети на сета убавина и сјај кој ни го остави летото зад себе.

Доказ дека оваа суптилна праска боја не е наменета само за пролет или лето е фактот што продолжува да се носи и во есен.

Драматични очи одлично ќе го надополнат нежниот изглед на усните.

3-boi-na-karmini-koi-mora-da-gi-imate-ovaa-esen-04.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
5 грешки со кармин кои ви додаваат години Не правите пилинг на усните, ја игнорирате бојата на вашата кожа и претерувате с...
Женски парфеми кои мирисаат на слатка есен – за сите кои сакаат цимет и костени Со крајот на летото, овошните парфеми полека ги засенуваат силните и топли мирис...

Најчитани неделава