6 лекции за убавина кои ги научивме од машките блогери

Понекогаш е добро да се добие совет од поинаква перспектива. Кој вели дека само жените знаат што е добро за лицето?

6-lekcii-za-ubavina-koi-gi-naucivme-od-maskite-blogeri-01.jpg

Во морето блогери, неколку храбри мажи се издвоија и сите до еден имаат да понудат прекрасни совети за одржување и подобрување на надворешниот изглед.

Еве ја пресудата на машките блогери која се однесува на убавината на лицето:

Редовната нега на лицето е клучна

Слоевите шминка не ви вредат ништо, доколку прво не го негувате лицето.

Пронајдете кои производи одговараат на вашата кожа и посветете особено внимание на правилна исхрана, вежбање, доволно сон и хидратација на телото.

Лицето ќе блеска, порите ќе се измазнат и никогаш, ама баш никогаш, не си легнувајте со шминка на лицето.

Не се плашете да експериментирате

Сакате да направите некоја драстична промена, но се плашите од реакцијата на околината? Престанете веднаш со стравот. Никогаш не сте ставиле силен црвен кармин, вештачки трепки или неонска сенка на очите? Време е да започнете да преземате малку повеќе ризици.

Хајлајтерот може да се употреби скоро секаде

Над јаболчниците за нивно акцентирање. Во внатрешниот дел на окото за истакнат поглед, на горниот дел на усните, точно во средниот дел за потенцирање на делот наречен „Cupid’s bow“... можностите се бескрајни.

6-lekcii-za-ubavina-koi-gi-naucivme-od-maskite-blogeri-02.jpg

Не го прескокнувајте контурирањето

Испробајте различни нијанси додека не ги пронајдете оние кои најмногу ви одговараат на тенот.

Доброто контурирање може да ви одземе неколку килограми од лицето и претставува одлична оптичко-визуелна мамка да ги акцентирате добрите страни и да ги скриете помалку добрите, како широкиот нос, на пример.

Пробајте лажни пеги барем еднаш

Тие се слатки, интересни и даваат неверојатна транформација на ликот. Обидете се барем еднаш да си нацртате лажни пеги, ако ништо друго барем за забава.

Стапчињата за уши имаат и поинаква намена...

... а овој дечко ќе ви покаже како се прави тоа:

 

A video posted by THOMAS HALBERT (@thomashalbert) on

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Топ трендови за убавина кои ќе владеат во есен-зима 2025 Пуштената неуредна коса ќе биде модерна, но и залижана фризура на патец, а кога ...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава