Еucerin Elasticity+Filler за кадифено мека кожа и по педесетата година од животот

eucerin-elasticity-filler-za-kadifeno-meka-koza-i-po-pedesetata-godina-od-zivotot-1

Како што нашата кожа старее, структурата се менува. Еластичноста, цврстината и сјајот се намалуваат, а брчките стануваат сѐ повидливи и подлабоки. Губење на еластичноста, во комбинација со појавата на длабоки брчки, е примарна грижа во процесот на стареење на  многу жени со зрела кожа.

Еucerin Elasticity+Filler е нов производ од лабораториите на Баерсдорф кој ја зајакнува структурата на кожата, преку подобрување на еластичноста и пополнување на длабоките брчки. 

Колекцијата која се состои од крем за дневна нега, крем за ноќна нега и масло за  нега, содржи единствена и иновативна формула која обезбедува повеќекратни придобивки против стареењето на кожата.
Активни состојки во Еucerin Elasticity + Filler се арктиин, екстрахиран од растението пиреј кој докажано го забрзува обновувањето на колаген во клетките на кожата, во  комбинација со силимарин - моќен антиоксиданс кој ги заштитува колагенот и еластинот од слободните радикали и ја подобрува циркулацијата на кожата на клеточно ниво. Формулата е збогатена со арганово масло за потрахнувачки ефект и хијалуронска киселина - супстанца која се наоѓа во сврзното ткиво на нашата кожа, и истата ја прави цврста и еластична, пополнувајќи ги длабоките брчки. Благодарение на оваа формула богата со витамин Е кој го намалува оксидативниот стрес, кожата се чувствува заштитена и мазна, а изгледа свежо и сјајно.

Еucerin Elasticity + Filler Кремот за дневна нега исто така, содржи SPF15 со УВ филтер за дополнителна заштита од сончевите зраци, кои ги продлабочат брчките и го забрзуваат процесот на стареење на кожата.

eucerin-elasticity-filler-za-kadifeno-meka-koza-i-po-pedesetata-godina-od-zivotot-2

Клиничките и дерматолошки студии покажаа дека производот има исклучителна ефикасност и придобивки врз кожата. Health Products Regulatory Authority (HPRA) спроведе студија со 120 жени на возраст од 49 и повеќе години. По двонеделно тестирање на производот тие ги објавија следниве резултати:

  • 99%: подобрен е изгледот на мојата кожа
  • 98%: ја чувствувам кожата значително поцврста
  • 98%: интензивно ја навлажнува кожата
  • 97%: ја чувствувам кожата мазна и еластична
  • 93%: брчките се помалку забележителни

Каков е ефектот на ХК (хијалуронската киселина)?

ХК е способна да врзе голема количина на вода (повеќе од 30-пати од сопствениот волумен). Во средина со вода таа формира вискозен гел и така го пополнува клеточниот простор, со што го помага и пополнувањето на брчките од внатре кон надвор.

ХК делува и во рожнатиот слој и во епидермисот, зависно од молекуларната тежина (висока или ниска молекуларна тежина).

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава