Зошто се појавуваат подочниците и како да се ослободите од нив?

Темните подочници не претставуваат сериозен проблем за кожата, но прават луѓето да изгледаат преморено, исцрпено и ги прават постари.

pricini-za-pojava-na-podocnici-i-kako-da-se-oslobodite-od-niv-01.jpg

Дел од причините за појава на темните кругови под очите се: сува кожа, нездрава исхрана, често плачење, долго седење пред монитор, стареење, физички и ментален стрес, недостаток на сон, пушење цигари, а можат да бидат и генетски наследни.

Кожата околу очите е многу нежна, па затоа овие кругови доаѓаат до израз уште повеќе. Бидејќи тој дел од кожата нема лојни жлезди, потребно е посебно да се негува.

Тие може да се појават и кај мажи и кај жени на различна возраст, а ние ви нудиме неколку природни начини да се ослободите од нив:

Маска од краставица

Краставицата е позната по нејзинота моќ да ја избелува кожата, па така може да помогне во отстранувањето на подочниците.

Начин  на подготовка:

Исечете свежа краставица на дебели кругови и ладете ги во фрижидер околу 30 минути. Ставете краставица на затемнетите кругови на кожата и држете ги 10 минути, а потоа исплакнете со вода. Повторувајте ја постапката 2 пати на ден во текот на неделата.

Друг начин е да измешате еднаква количина на сок од краставица и сок од лимон. Нанесете на памук од сокот и оставете го на подочниците 15 минути. Постапката повторувајте ја секој ден по еднаш, во текот на една недела.

pricini-za-pojava-na-podocnici-i-kako-da-se-oslobodite-od-niv-02.jpg

Бадемово масло

Бадемовото масло е одличен начин за негување на чувствителна кожа. Со редовно употребување на ова масло, темните подочници можат да исчезнат.

Пред спиење, нанесете бадемово масло на подочниците и нежно масирајте ја кожата. Оставете го маслото да се впие во кожата во текот на ноќта. Кога ќе станете, исплакнете со ладна вода.

Повторувајте го ова секоја вечер, додека не го добиете посакуваниот резултат.

Ќесички од чај

Кофеинот и антиоксидансите кои се присутни во чајот, можат да бидат одлично решение за темните подочници, како и за отоците под очите.

Тие делуваат на намалувањето на отокот, така што ги намалуваат крвните садови, а нането и камилицата исто така имаат смирувачки ефект.

Оладете две мокри ќесички чај во фрижидер, а потоа ставете по една на двете очи и оставете да стојат 10 минути. Откако ќе ги тргнете, измијте го лицето со вода.

Можете да употребувате зелен чај, чај од нане или од камилица, а постапката повторувајте ја еднаш дневно, во текот на неколку недели.

pricini-za-pojava-na-podocnici-i-kako-da-se-oslobodite-od-niv-03.jpg

Ладни облоги

Натопете крпа во ладна вода или ладно млеко и ставете ја на затворени капаци неколку минути. Исто така, можете да користите и неколку коцки мраз завиткани во крпа или пак изладена лажица која ќе ја ставите на капаците.

Ова можете да го повторувате неколкупати на ден.

pricini-za-pojava-na-podocnici-i-kako-da-se-oslobodite-od-niv-04.jpg

Кокосово масло

Кокосовото масло ја хидрира кожата, ја прави мазна и го спречува појавувањето на брчки околу очите. Нанесето го маслото на лицето и масирајте додека не се впие во кожата под очите.

Оставете да постои неколку часа, а потоа измијте го лицето. Ова можете да го повторувате неколкупати на ден, додека не забележите резултати.


Напомена:
Обидете се да избегнувате контакт со очите при користење на било кој од овие начини, бидејќи некои од нив можат да предизвикаат иритации. 

Освен овие начини за директно отстранување на подочниците, обидете се да ги искористите и следниве совети:

  • Спијте доволно,
  • Избегнувајте триење на очите,
  • Бришете ја шминката пред спиење,
  • Пијте доволно вода во текот на денот,
  • Јадете храна богата со витамини Ц, Д, Е и А,
  • Оставете ги цигарите и намалете го внесот на алкохол и кофеин.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....

Најчитани неделава