Неврокозметика - „Паметна“ козметика на новиот век

Иако клетките на кожата постојано се обновуваат, сепак со текот на годините, кожата постепено старее и ја губи  еластичноста и свежината. Она што всушност „старее“ е функционалноста на системите одговорни за хомеостазата и здравиот изглед на кожата.

nevrokozmetika-pametna-kozmetika-na-noviot-vek-1.jpg

Најновите истражувања, како една од главните фактори во процесот на стареењето на кожата, ја посочија намалената комуникација помеѓу нервните завршетоци и фибробластите, односно клетките на кожата чија главна функција е да го оддржуваат структуралниот интегритет на кожата. Клиничките студии покажаа дека невро-старреењето, кое преставува дисбаланс помегу невромедијаторите и соодветните рецептори кај фибробластите, предизвикува и до 80%  намалена способност за синтеза на колаген и еластин.

nevrokozmetika-pametna-kozmetika-na-noviot-vek-2.jpg

Присуството и големата улога на невротрансмиторите во кожата можеби и не треба да е изненадувачка, ако се знае дека мозокот и кожата имаат заедничко ембрионално потекло. Како резултат на новите сознанија, фармацевтската и козметичка индустрија понудија низа иновативни и извонредно ефективни решенија т.н „неврокозметици“, со директно позитивно влијание на механизмите на стареење на кожата.

Неврокозметичките препарати се природни или специјално дизајнирани био-активни супстанци кои влијаат на невротрансмисијата, ја обновуваат здравата комуникацијата помеѓу клетките и ја штитат од последиците на невро токсичните продукти на стареењето . На тој начин значително се зголемува синтезата на колаген и еластин, забавен е процесот на стареење, брчките се видливо намалени и кожата ја враќа својата компактност, еластичност и младешки изглед.

nevrokozmetika-pametna-kozmetika-na-noviot-vek-3.jpg

Исто така,поради своите анти-инфламаторни својства, неврокозметиката е исклучително соодветна за нега на чувствителна кожа, со клинички докажано смирувачко дејство. Тоа е особено важно, ако се земе предвид дека според истражувањеата околу 2/3 од луѓето имаат чувствителна кожа, а голем број од нив појавуваат некој облик на иритација или реакција од традиционалните козметички препарати и третмани за подмладување. 

Од неодамна, на пазарот во Македонија неврокозметиката премиерно е презентирана преку брендот TAIVA, кој во својата палета има дневни и ноќни креми „Cell 2 Cell Repair“ и „Neuro Cellular Soothing“, со неврокозметички биоактивни формулации што го спречуваат предвременото стареење, но дејствуваат смирувачки и не предизвикуваат иритации на кожата.

Козметиката на TAIVA во своите производи имплементира напредна технологија и иновативни формулации по американска лиценца. Кремите содржат внимателно одбрани состојки, кои лесно и брзо се впиваат и делуваат во длабоките слоеви на кожата. Тука припаѓаат дневните и ноќни креми за длабинска хидратација „Hydro Active Plus, како и кремите „New Skin“ со корнео-терапевтска формула за моментална перфекција и матирање на кожата. Ниту еден од производите на TAIVA во својот состав не содржи парабени и силикони.

Припремил:
Прим. Др. Коста Цветковиќ  –  специјалист дерматовенеролог
Дерматолошко естетска ординација „Дерма плус“

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...

Најчитани неделава