Како секогаш да имате убави и негувани лице, кожа и коса?

Секоја жена сака да биде убава, а многумина убавина ја поврзуваат со скапи козметички препарати и третмани, кои освен пари, бараат и вложување на многу време.

8-tajni-na-zenite-koi-se-grizat-za-sebe-01

Сепак, вистината е далеку поинаква.

Некои од најубавите жени на светот јавно откриваат дека постојат мали трикови, кои нема да ве чинат многу, но се многу важни за одржување на вашата убавина.

Ова се 8 тајни со чија помош тие изгледаат убаво и беспрекорно во секоја пригода:

1. Освежете го лицето со солен раствор

Направете јак солен раствор и натопете крпа во него. Со крпата, нанесувајте го растворот врз лицето околу 10 минути и кажете му збогум на отеченото и подуено лице.  

8-tajni-na-zenite-koi-se-grizat-za-sebe-02

2. Искористете ја четката за заби за помеки усни

Нанесете лабело или козметичко масло за лице (на пример бадемово) и масирајте ги усните со четката за заби околу 1 минута.

8-tajni-na-zenite-koi-se-grizat-za-sebe-03

3. Маслиново масло за нежна кожа

Исчистете го и омекнете го лицето само со помош на маслиново масло. Застанете неколку минути врз пареа и потоа нанесете маслиново масло, размачкувајќи го нежно околу 7 минути. За најдобри резултати, повторувајте ја постапката на секои 4-5 дена.

8-tajni-na-zenite-koi-se-grizat-za-sebe-04

4. Излечете ги воспаленијата на кожата со мед

Кога ќе ви се појави некое мозолче пред важен настан, само нанесете малку мед врз него и оставете да отстои 15 минути, а потоа исплакнете со вода. Медот ќе го смири местото и ќе направи црвенилото да се повлече, за да можете со шминка да го прикриете остатокот.

8-tajni-na-zenite-koi-se-grizat-za-sebe-05

5. Капки за очи – лек за воспаленија на кожата

Друг начин да се ослободите од мозолчињата е да натопите памук во капки за очи и да го оставите да отстои во фрижидер 3-5 минути. Потоа, нанесете го на мозолчето и за кратко време ќе видите дека тоа ќе се повлече.

8-tajni-na-zenite-koi-se-grizat-za-sebe-06

6. Лесно отстранување на шминка

Наполнете тегла со чиста вода и маслиново масло, со сооднос 3:1. Избришете го лицето со натопено памукче во смесата и шминката без проблем ќе се извади.

8-tajni-na-zenite-koi-se-grizat-za-sebe-07

7. Ослободете се од поткожните влакна со домашен пилинг

Направете смеса од 1 лажичка сода бикарбона, мелени овесни снегулки и 1 лажица вода. Убаво измешајте и нанесете на кожата, оставајќи да дејствува 5 минути. На крај, исплакнете со топла вода.

8-tajni-na-zenite-koi-se-grizat-za-sebe-08

8. Маска од банана за густа и сјајна коса

Направете смеса од банана, јајце, 1 лажица мед и ½ чаша темно пиво. Нанесете на косата и оставете да делува неколку часа. Потоа, исплакнете со топла вода.

8-tajni-na-zenite-koi-se-grizat-za-sebe-09

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава