Единствените 3 стилови на шминка кои ви се потребни за новогодишната ноќ

Во пресрет на најлудата ноќ сите имаме по малку тенденција да се предотеруваме, пренакитуваме и да употребиме многу шминка. Новогодишна елка веќе има, нема потреба да изгледаме како таква, особено кога станува збор за декоративната козметика.

Edinstvenite-3-izgledi-koi-vi-se-potrebni-za-novogodisnata-nokj-01.jpg

За да ја избегнеме замката во која ќе изгледаме како елки или нашлакани торти, препорачуваме 3 едностани, но ефектни и моќни изгледи за новогодишната прослава:

Мачкини очи со црн туш

Тушот за очи ви е најдобар пријател за овој изглед. Одберете некој долготраен кој нема да се разлева и размачкува. Комбинирајте го со кармин во боја на модра слива, со полуматиран финиш. Кожата е чиста и мат, руменилото е природно и не премногу нагласено, а маскарата и долгите трепки задолжителни.

Edinstvenite-3-izgledi-koi-vi-se-potrebni-za-novogodisnata-nokj-02.jpg

Перфектни зачадени очи

„Smokey“ или зачадените очи не излегуваат од мода. Комбинирани со веѓи со природен изглед и неутрални усни во праска или пудра-розова нијанса, акцентот паѓа врз очите. За пригодата употребете сиви и црни тонови на сенки со бисерен финиш и суптилна тенка линија со моливче исцртана во долниот дел од окото.

Edinstvenite-3-izgledi-koi-vi-se-potrebni-za-novogodisnata-nokj-03.jpg

Смел црвен кармин

Акцентирани се усните, кои потсетуваат на црвено меко кадифе. Употребете долготраен мат кармин во жешка црвена или силна корална нијанса. Веѓите се малку понагласени, обликувајте ги посмело. Употребете и хајлатер за нагласување на горниот дел од усните и јаболчниците. Руменилото е бронзено, а очите се „чисти“, со само еден слој маскара.

Edinstvenite-3-izgledi-koi-vi-se-potrebni-za-novogodisnata-nokj-04.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
5 грешки со кармин кои ви додаваат години Не правите пилинг на усните, ја игнорирате бојата на вашата кожа и претерувате с...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
14 идеи за пролетен маникир со кои секој аутфит ќе ви изгледа поубаво (фото) Оваа сезона ноктите не треба да бидат многу долги (кусите нокти се во мода), а б...

Најчитани неделава