43 тајни за убавина кои пркосат на времето и трендовите

За многу жени, добриот изглед е клучен квалитет со кој оставаат позитивен впечаток.

43-tajni-za-ubavina-koi-prkosat-na-vremeto-i-trendovite-1.jpg

За да ја потенцираат и истакнат својата убавина, подготвени се да дадат цело богатство.

Но, ако сте малку вешти и снаодливи, не ви требаат многу време и пари за да го постигнете посакуваниот ефект.

Ви требаат само овие тајни и трикови за убавина, кои важат долго време и им пркосат на минливите трендови:

Коса

- Косата чешлајте ја од врвовите, кон коренот. Ова ќе ви даде посебен сјај.

- Правата коса може да ја направите брановидна со ластик-венче. Ставете го ластикот на глава, замотајте ги прамените околу него и преспијте така.

43-tajni-za-ubavina-koi-prkosat-na-vremeto-i-trendovite-2.jpg

- За да ги совладате бебешките влакненца, напрскајте лак за коса на стара четка од маскара, па со неа исчешлајте ги.

43-tajni-za-ubavina-koi-prkosat-na-vremeto-i-trendovite-3.jpg

- Користењето на шампони без сулфати е секогаш подобра опција, кога се работи за здравјето и цврстината на косата.

- Но, ако често користите лак или гел за коса, вреди да ја измиете косата со шампон со сулфат барем еднаш неделно. Тој ги отстранува остатоците од силикон, кои благиот шампон не може убаво да ги измие.

- Направете си солена вода ако имате природно виткана коса. Во 0,5 литри минерална вода ставете 1 лажица морска сол. Прскајте и обликувајте.

43-tajni-za-ubavina-koi-prkosat-na-vremeto-i-trendovite-4.jpg

- Големи се шансите косата да го губи сјајот бидејќи ја миете со претерано жешка вода.

Веѓи

- Пред да почнете со кубење, омекнете ја кожата и отворете ги порите со памукче кое ќе го натопите во топла вода и ќе го ставите како облога.

- Никогаш не ги исцртувајте цели веѓи. Подобро е само да ги пополните деловите каде влакната се поретки.

43-tajni-za-ubavina-koi-prkosat-na-vremeto-i-trendovite-5.jpg

- Не користете остро моливче за веѓи. Доколку тоа е тапо, ќе делува поприродно.

- Дури и кога немате време за шминкање, истакнете и пополнете ги веѓите. Тие се круната на лицето, доколку се соодветно обликувани.

Очи

- За да го извлечете максимумот од сенките во боја, секогаш прво нанесете слој бело моливче под нив.

- Нанесувањето на маскара на долните трепки ви го затемнува погледот и ви ги смалуваат очите.

- Може да користите визит-картичка или селотејп за идеални мачкини очи.

43-tajni-za-ubavina-koi-prkosat-na-vremeto-i-trendovite-6.jpg

- За очите да ви изгледаат покрупни и поотворени, нанесете малку седефасто-златна сенка под веѓите.

- Кога сакате поприроден изглед, нанесете кафеава маскара, наместо црна.

- Белото моливче за очи нанесено на внатрешниот агол, но и под долните трепки ќе направи очите да изгледаат свежи и одморени.

- Ако никако не можете да исцртате еднакви мачкини очи, направете го тоа во 3-4 потези, наместо наеднаш.

43-tajni-za-ubavina-koi-prkosat-na-vremeto-i-trendovite-7.jpg

- Ако маскарата ви се исушила, капнете неколку капки масло од јојоба, добро затворете ја и ставете ја во чашка со топла вода. Протресете пред да ја нанесете.

Кожа

- Не ја допирајте кожата на лицето, освен ако е неопходно. Бактериите од рацете се најчеста причина за појавата на акни и мозолчиња.

- Четките за шминкање редовно мијте ги со вода и бебешки шампон. Исто така, не ги користете мокри, туку оставете ги на пешкир за да се исушат и исцедат убаво.

- Може сами да направите организер за четките кој ќе го спречи собирањето на прашина.

43-tajni-za-ubavina-koi-prkosat-na-vremeto-i-trendovite-8.jpg

- Ако имате темни кругови околу очите кои ги покривате со коректор, најдобро е да нанесувате триаголници, а не линии и точки.

43-tajni-za-ubavina-koi-prkosat-na-vremeto-i-trendovite-9.jpg

- Ако имате потечени очни капаци, масирајте ги секое утро со коцки мраз или нанесете ладни облоги.

- Или за полесно да се ослободите од подуените подочници, кремата за лице чувајте ја во фрижидер и нанесувајте ја ладна.

43-tajni-za-ubavina-koi-prkosat-na-vremeto-i-trendovite-10.jpg

- Загрејте го лосионот за тело (во соодветен сад) во микробранова 5 секунди пред да го нанесете, посебно во зима.

- За депилацијата да биде побезболна, пред да нанесете восок, растегнете ја кожата на местото каде го нанесувате.

- Најприродниот пилинг кој може да го направите е талогот од црно кафе. Мирисот исто така е прекрасен.

43-tajni-za-ubavina-koi-prkosat-na-vremeto-i-trendovite-11.jpg

- Најдобро време за нанесување лосион за тело е веднаш после бањање, додека кожата е уште влажна.

Усни

- За да ја претворите дневната шминка во ноќна, треба само да нанесете темен кармин.

- Ако нанесете сенка за очи врз карминот (во иста боја), ќе трае многу подолго.

- Масирајте ги усните со масла или балсами одвреме навреме за да ја поттикнете циркулацијата.

- Нанесувајте светло моливче во средината на усните за дополнителен волумен.

43-tajni-za-ubavina-koi-prkosat-na-vremeto-i-trendovite-12.jpg

- За моливчето за усни да не ви се растекува кога го острите, ставете го неколку минути во замрзнувач.

- Насмевнете се кога нанесувате кармин - така ќе ги покриете и најситните набори на усните.

Нокти

- Најдобро е да ги лакирате ноктите почнувајќи од малото прсте, па кон палецот. Така нема шанси да ги залепите.

- За побрзо вадење на лакот, натопеното памукче во ацетон прво држете го 5-10 секунди залепено за ноктот, па потоа повлечете.

- За лакот побрзо да се исуши, потопете ги свежо налакираните нокти во ладна вода. Но, не ги ставајте под силен млаз за да не ги размачкате.

- Упорниот лак за нокти кој тешко се чисти, исчистете го на следниов начин: Ставете ацетон на памукче, залепете го за ноктите, а потоа секој прст завиткајте го во фолија. По неколку минути, отстранете.

43-tajni-za-ubavina-koi-prkosat-na-vremeto-i-trendovite-13.jpg

- Пред да се лакирате нанесете маслиново масло на кутикулите. На тој начин полесно ќе го отстраните лакот од кожичките.

Нозе

- За да ги одморите нозете по напорниот ден, ставете ги во топла вода 3 минути, па во ладна вода 1 минута.

43-tajni-za-ubavina-koi-prkosat-na-vremeto-i-trendovite-14.jpg

- Кремата за лице исто така е одлична и за нозе. Нанесувајте ја навечер, пред спиење, во дебел слој.

- Користете корка од ананас или киви за да ја омекнете кожата. Тријте 4-5 минути, исплакнете и нанесете крема.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg