Како да се ослободите од темните кругови под пазувите?

Темните предели на пазувите можат да бидат срамна појава, па некои и во лето ги кријат под облеката.

oslobodete-se-od-temnite-krugovi-pod-pazuvite-so-prirodni-sostojki-01.jpg

Причини за потемнувањето на кожата во овој предел, а и пределите на препоните, колената и лактите може да бидат претераното користење на дезодоранси, тесна и непријатна облека и мртвите клетки на кожата, за кои е неопходен редовен пилинг.

Еве неколку лесни начини како да се ослободите од нив на природен начин.

1. Исечете парче лимон и втријте го под пазувите. Оставете течноста да отстои 5 минути, па потоа измијте се. Повторувајте ја постапката 15 дена и ќе забележите дека разликата ќе биде огромна.

Oslobodete-se-od-temnite-krugovi-pod-pazuvite.1

2. Слично како лимонот, така и парче свеж компир може да ви помогне со овој проблем. Истријте го парчето компир под пазувите и оставете да делува 20-25 минути. Повторувајте ја постапката секојдневно, додека темните дамки не исчезнат.

Oslobodete-se-od-temnite-krugovi-pod-pazuvite.2

3. Помешајте една кафена лажица сок од лимон и една кафена лажица сода за готвење. Втријте на местото и оставете да делува 5 минути. Повторувајте ја постапката 3 пати неделно.

Oslobodete-se-od-temnite-krugovi-pod-pazuvite.3

4. Сличен ефект ќе добиете и доколку на сунѓерче потопите млеко кое ќе го нанесете под пазувите и ќе го оставите да отстои 15 минути. Оваа постапка се повторува секојдневно до 3 недели.

Oslobodete-se-od-temnite-krugovi-pod-pazuvite.4

И. И. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....

Најчитани неделава