11-те најубави женски, цветни парфеми за пролет 2017
Нема ништо поопојно од цветните ноти кои ја најавуваат пролетта.
Идеален додаток на сите лелеави фустанчиња, здолништа и лесни маички се секако - цветните парфеми.
Ова е листата на 11-те најдобри за сезона пролет 2017-та:
The Kiss на Ријана - со ноти на гарденија, божур, цвет од портокал и слива.
Miu Miu L'Eau Bleue Eau de Parfum - со ноти на крин и пачули дрво.
Donna Karan Liquid Cashmere Aqua Eau de Parfum Spray - со мирис на штотуку процветани мешани цветови и ноти на дрво.
Michael Kors Turquoise Eau de Parfum - мешавина на краставица, лајм, водни лилјани, орхидеи, јасмин, мошус и кедрово дрво.
Jimmy Choo L'Eau Eau de Toilette - овошно цветни ноти, односно мешавина од божури, хибискус и нектарини праски.
Chloé Love Story Eau de Parfum - мешавина од цветови од портокал, нероли масло, јасмин и кедрово дрво.
Gucci Bamboo Limited Edition Eau de Parfum - со ноти од казабланка крин и ванила од Тахити.
Victoria's Secret Tease Flower Eau de Parfum - измешани мириси на орхидеи, лалиња и млечен крем.
Marc Jacobs Daisy Eau So Fresh Kiss Eau de Toilette - со ноти на цветови од цреша, бело дрво и листови на мандарина.
Dior Poison Girl Eau de Toilette Spray - со мирис на сицилијански слатки портокали, рози, нероли и ванила.
М. Д. | Црнобело