Домашен рецепт за долги и цврсти нокти

Наместо скапи третмани и маникир, направете си домашен рецепт за ноктите, кој првенствено ќе го забрза нивниот раст, а истовремено ќе им пружи и дополнителна нега, заштита и убав изглед.

domashen-cepet-za-dolgi-i-jaki-nokti-1_copy.jpg

Како да го примените овој магичен рецепт? Многу брзо и едноставно.

Во продолжение, дознајте кои ви се потребните состојки, начинот на подготовка и во што е тајната на неговата делотворност.

Потребни состојки:

- ¼ шолја свежо исцеден сок од портокал:
- 1 чешне лук, исецканo на ситни парчиња;
- ¼ шолја маслиново масло.

domashen-recept-za-dolgi-i-jaki-nokti-2.jpg

Начин на подготовка:

Измешајте ги сокот од портокал и лукот во чинија. Потоа, натопете ги ноктите во растворот и држете ги така околу 15 минути.  На крајот, измијте ги рацете и одново потопете ги, овојпат во маслиновото масло, со времетраење од 15 минути.

Повторувајте го третманот два до три пати неделно, а за две недели ќе забележите голема разлика. Вашите нокти ќе бидат значително поцврсти и ќе почнат многу побрзо да растат.

domashen-recept-za-dolgi-i-jaki-nokti-3.jpg

Зошто третманот е толку делотворен?

Свежо исцедениот сок од портокал е богат со витамини и оксиданси кои го подобруваат растот на ноктите. Поради киселоста пружа и одличен пилинг кој ги отстранува мртвите клетки од плочката на ноктот, а ја омекнува и кутикулата.

Лукот е богат со селен. Недостатокот на селен во телото најчесто се пројавува преку ноктите, кои се тенки и слаби. Покрај тоа, лукот има антибактериски и антигливични својства што е одлично за зајакнување и раст на ноктите.

Маслиновото масло е одлично за хидратација на ноктите, бидејќи продира длабоко во кожата. Ја омекнува кутикулата и зајакнува ноктите, што го спречува нивното кршење.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...
Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Четири грешки со кои си го уништувате гелниот маникир (и вашите природни нокти) Откако целосно ќе ги извадите гелните нокти, не правите пауза и ги користите нок...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
35 идеи за маникир инспириран од новогодишните празници (одлични и за кратки и за долги нокти) Елки, сијалички, ирваси, светки, црвената и зелената боја, снегулките... сето ов...

Најчитани неделава