Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Грешки при туширањето, заради кои кожата ви е сува и груба

Туширањето е секојдневна активност која веруваме дека ја знаеме напамет и ја правиме механички, без да размислиме дали нешто правиме погрешно.

greski-pri-tusiranjeto-zaradi-koi-kozata-vi-e-suva-i-gruba-001.jpg

Очигледно, и за едноставното туширање постојат 5 строги правила кои не смее да се прекршат, а веројатно секојдневно го правите тоа.

На што треба да внимавате?

Претерано жешка вода

Жешката вода ја црпи влажноста на кожата, па ја прави сува, наместо да ја освежи. Не чекајте да забележите иритации и црвенила на кожата, туку веднаш оладете ја водата.

greski-pri-tusiranjeto-zaradi-koi-kozata-vi-e-suva-i-gruba-1.jpg

Претерано долго туширање

Како и кај претерано жешката вода, така и долгото туширање ја суши и „мачи“ кожата, наместо да ја чисти. Плус, ќе излезете многу поизморени, наместо полни со енергија. Запомнете, туширањето не смее да трае подолго од 10 минути.

greski-pri-tusiranjeto-zaradi-koi-kozata-vi-e-suva-i-gruba-2.jpg

Користење големи количини пена

Ако гелот за туширате ви прави многу пена, значи дека содржи додатоци кои не се баш најздрави за кожата. Тоа доведува до сува и груба кожа. Советот е едноставен - променете го.

greski-pri-tusiranjeto-zaradi-koi-kozata-vi-e-suva-i-gruba-3.jpg

Користење стари и влажни сунѓери

Сунѓерите, луфите и ракавиците кои се постојано влажни се идеален начин бактериите да се развијат, а потоа да стигнат по целото ваше тело. Менувајте ги на секои 4 недели и сушете ги по секое бањање.

greski-pri-tusiranjeto-zaradi-koi-kozata-vi-e-suva-i-gruba-4.jpg

Грубо бришење на кожата

Сосема е во ред телото да остане малку влажно. Не ја тријте кожата додека не се зацрвени. Потоа, на малку влажна кожа нанесете крема или млеко за да го сочувате нејзиното здравје.

greski-pri-tusiranjeto-zaradi-koi-kozata-vi-e-suva-i-gruba-5.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секојдневни навики поради кои кожата ви старее побрзо (и ви се појавуваат брчки) Не ставате крем со фактор, водите грижа само за кожата на лицето и користите нес...
Активни состојки во продукти за кожа кои се идеални за зима (ја штитат од сушење и загаден воздух) Витаминот Ц е идеален за зимските денови бидејќи ја штити кожата од загадувањето...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
8 митови за убавина со кои ѝ штетите на кожата (и непотребно трошите пари) Само затоа што некој продукт е многу скап, не значи дека ќе биде погоден за вас....
Практични совети за нега на нозе и стапала во зима (за мазна и мека кожа) Немојте да користите камен за пети на сува кожа и редовно ставајте лосион на ноз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg