7 проблеми со кожата и косата кои се решаваат со кафе
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Продавач 24-04-2018
Пекар 24-04-2018


7 проблеми со кожата и косата кои се решаваат со кафе

Кафето на сите ни користи за расонување, уживање, будење... Но, покрај тоа, кафето има и неколку други помалку познати намени.

7-probelmi-so-kozata-i-kosata-koi-mozete-da-gi-reshite-so-kafe-01.jpg

Пример, кафето може успешно да се бори со неколку проблеми со кожата и косата:

1. Против губење на косата

Измешајте 2 лажици мелено кафе со 100ml загреано маслиново масло. Маската нанесете ја на мокра коса и оставете ја 30 минути пред да ја измиете со шампон. Маската доволно е да ја ставате еднаш до двапати неделно околу 12 пати и да забележите промени во растот. Исто така, важно е да знаете дека светлата коса може да потемни.

7-probelmi-so-kozata-i-kosata-koi-mozete-da-gi-reshite-so-kafe-1.jpg

2. Против дуење под очите

Измешајте смеса од ½ мелено кафе, ½ кокосово масло и неколку капки вода. Нанесувајте ја под очите, оставете ја да стои неколку минути, а потоа измијте ја со млака вода.

7-probelmi-so-kozata-i-kosata-koi-mozete-da-gi-reshite-so-kafe-2.jpg

3. Против суви испукани усни

Измешајте смеса од ½ мелено кафе и ½ мед. Оставете ја да отстои околу 30-ина секунди, а потоа избришете ја со памукче.

7-probelmi-so-kozata-i-kosata-koi-mozete-da-gi-reshite-so-kafe-3.jpg

4. Против црнки на лицето

Измешајте 2 лажици мелено кафе и 2 лажици рендан пармезан. Со смесата масирајте ја кожата околу 2 минути. Оставете ја да отстои уште 10 и потоа премијте ја со млака вода.

7-probelmi-so-kozata-i-kosata-koi-mozete-da-gi-reshite-so-kafe-4.jpg

5. Против мрсна кожа

Измешајте 1 лажица мелено кафе и 1 лажица јогурт. Оставете ја смесата на лице околу 1 до 2 минути и потоа премијте ја со млака вода.

7-probelmi-so-kozata-i-kosata-koi-mozete-da-gi-reshite-so-kafe-5.jpg

6. За враќање на бојата на кожата

Измешајте една лажица мелено кафе со малку кисело млеко и едно јајце. Откако ќе добиете хомогена смеса нанесете ја како маска и оставете да отстои околу 15 минути, а потоа премијте го лицето со млака вода.

7-probelmi-so-kozata-i-kosata-koi-mozete-da-gi-reshite-so-kafe-6.jpg

7. Против целулит

Измешајте мелено кафе со иста количина на сол и неколку капки маслиново масло. Масирајте ја кожата со кружни движења. Постапката треба да се повторува еднаш до двапати неделно. 

7-probelmi-so-kozata-i-kosata-koi-mozete-da-gi-reshite-so-kafe-7.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 тајни кои жените со беспрекорна кожа никогаш нема да ви ги кажат Младата и негувана кожа не е дар на природата. Таа се стекнува со соодветни рути...
5 клучни правила за нега на кожата по 25-тата година Откако ќе наполните 25 години, вашата кожа бара дополнителна нега. Велат дека од...
Мазна кожа за 3 минути: Домашен пилинг од рози Потребни се само 3 состојки и 3 минути за сами да си го подготвите овој популаре...