Жолто руменило - новиот хит на Инстаграм

Последниот тренд за шминкање веќе ја преплави социјалната мрежа, а изгледа многу подобро од што првично звучи.

zholto-rumenilo-noviot-hit-na-instagram-001.jpg

Трендовите за шминка оваа година налагаат смели бои, како на очите, така и на усните, a еден производ речиси секогаш останува занемарен.

Но, ако нешто нè потсети храбриот мејкап на Ријана на неодамна оджаната Met Gala, тоа е дека и руменилото може да диктира нечиј изглед. И токму сега, социјалната мрежа Инстаграм ја преплави смелиот тренд за убавина, во кој главната улога ја игра жолтото руменило.

Иако руменилото вообичаено го поврзуваме со розовата, портокаловата или црвената боја, визажистите и блогерките го започнаа овој тренд за шминкање, со не баш типична нијанса.

Доколку веднаш помисливте дека оваа боја не може никако да изгледа добро на образите, ќе се изненадите кога ќе видите како всушност им ласка на различните нијанси на тенот.

Кога малку ќе подразмислите, навистина и има смисла, бидејќи повеќето луѓе веќе имаат жолтеникави подтонови на лицето, па со самото тоа, ова руменило нема да ни изгледа како маска. 

Жолтата боја му дава посвеж изглед и сјај на лицето, а иако звучи како храбар избор, сепак, мошне лесно е да се навикнете на неа. Kако и секое друго руменило, може да биде суптилно или упадливо, зависно од приликата, како и вашите навики за шминка.

Во секој случај, станува збор за изненадувачки убав тренд, кој секако се исплати да го испробате, барем преку летото, затоа што на потемнетиот и исончан тен, дефинитивно ќе изгледа најдобро.

Колку што знаеме, на нашиот пазар сè уште не постои жолто руменило, но за овој изглед шминкерите најчесто користат сенки за очи, па ако се осмелите на ваков потег – знаете со што може да ги постигнете.

Што мислите вие - ДА или НЕ?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Топ трендови за убавина кои ќе владеат во есен-зима 2025 Пуштената неуредна коса ќе биде модерна, но и залижана фризура на патец, а кога ...
Хејли Бибер ја покажа новата фризура – тренд што ќе доминира во 2026-та Фризерката на Хејли Бибер објави фотка од нејзината потстрижена коса, а со тоа т...

Најчитани неделава