Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да ја намалите видливоста на стриите на природен начин?

Слично како и со целулитот се чини дека не постои жена која не се соочила со проблемот наречен стрии, а неретко ги погодува и мажите, особено доколку изгубиле или накачиле драстичен број на килограми за краток временски рок.

kako-da-ja-namalite-vidlivosta-na-striite-na-priroden-nacin-001.jpg

Стриите најчесто се појавуваат на стомакот, рацете, нозете и задникот.

Вообичаено се највидливи по бременоста, но постојат и повеќе други причини кои ги предизвикуваат – гени, стрес и како што веќе споменавме секоја драстична промена во поглед на тежината.

Епидермисот е горниот слој на кожата, дермис е оној слој кој се наоѓа во средината, додека хиподермисот е слојот кој се наоѓа најдолу. Стриите се формираат во средниот слој, односно дермисот како последица на ткивото кое се растегнува надвор од својот вообичаен капацитет и флексибилност.

Кога кожата е подложена на овој процес и се шири повеќе од сопствениот капацитет и флексибилност, се пореметува нормалниот циклус на работа, а воедно и процесот на создавање колаген. На овој начин започнуваат да се формираат стрии, во вид на мали лузни под горниот епидермис. На почетокот тие имаат розеникаво-црвена боја, а потоа околу нив се формираат тенки сребрени линии.

Кога губите или качувате многу килограми во рекордно брз рок, кожата нема капацитет да се опорави и да заздрави толку брзо, па стриите се сосема нормална појава.

Стриите прилично многу влијаат на самодовербата кај некои луѓе и се извор на комплекси и фрустрации, но не мора да биде така. Постојат неколку природни начини како може да ја намалите нивната видливост:

Рицинусово масло

Рицинусовото масло е една од главните состојки кои се среќаваат во кремите за кожа, креми против стареење и појава на брчки, мозолки или флеки. Истото одлично делува во борбата против стриите.

Нанесете квалитетно рицинусово масло на местото со стрии и масирајте кружно и полека околу 10 минути.

Врз местото каде што сте масирале нанесете тенка и чиста памучна крпа. Со помош на топлина (шише со топла вода, електрично перниче или фен) одржувајте го местото топло околу 30 минути.

Повторувајте го овој процес во рок од 30 дена и уверете се во делотворните резултати.

Kako-da-ja-namalite-vidlivosta-na-striite-na-priroden-nacin-02.jpg

Алое вера

Алое верата има лековити и смирувачки својства. Начинот на употреба е прилично едноставен. Можете директно да ја нанесете течноста од растението врз стриите и да ја оставите да се апсорбира околу 15 минути. Измијте ја нежно кожата со млака вода.

Вториот начин е сами да си направите раствор од алое вера, витамин Е (екстракт од капсула) и витамин А. Со нежно масирање нанесувајте ја смесата секојдневно врз стриите за ефективни резултати.

Kako-da-ja-namalite-vidlivosta-na-striite-na-priroden-nacin-03.jpg

Белки од јајца

Амино киселините особено помагаат во заздравувањето на кожата покрај протеините. Двете се достапни во белките од јајца.

Изматете една белка од јајце и нанесете ја врз стриите на исчистена кожа.

Кога нанесениот слој целосно ќе се исуши, измијте го со ладна вода.

Бидејќи ја остава кожата прилично сува, хидрирајте ја со малку маслиново масло.

Повторете го процесот околу 15 дена до видливи резултати.

Kako-da-ja-namalite-vidlivosta-na-striite-na-priroden-nacin-05.jpg

Сок од лимон

Лимоновиот сок е особено корисен против стрии, поради неговата природна киселост. Тој воедно помага против секаков тип на лузни.

Нанесете свеж лимонов сок врз стриите и оставете да се впие во кожата околу 10 минути. Измијте со топла вода.

Сокот од лимон може да го помешате со сок од краставица и така да ја нанесете смесата на зафатената област.

Kako-da-ja-namalite-vidlivosta-na-striite-na-priroden-nacin-04.jpg

Шеќер

Шеќерот е одличен ексфолијант и се користи во прилично голем број на природни лекови.

Помешајте лажица шеќер со бадемово масло и сок од лимон. Откако добро ќе ја измешате смесата нанесете ја врз стриите. Добро втријте ја во кожата пред да се избањате, но внимавајте да не триете пресилно, односно да бидете понежни кон кожата.

Процесот се повторува во рок од 30 дена, а стриите ќе станат видливо посветли.

Kako-da-ja-namalite-vidlivosta-na-striite-na-priroden-nacin-06.jpg

Сок од компири

Звучи можеби чудно, но сокот од компири ѝ помага на кожата да заздрави полесно, а клетките да растат побрзо.

Исечете компир на дебели парчиња и нанесете го врз стриите, но осигурајте се дека природните сокови од компирот се во контакт со кожата.

Оставате да се исуши на природен начин откако сте го остраниле и измијте ја кожата со млака вода.

За посилен ефект ставете го компирот во соковник и нанесете чист сок од компири врз стриите. Остранете го на ист начин како и претходно, со млака вода откако ќе се исуши природно.

Kako-da-ja-namalite-vidlivosta-na-striite-na-priroden-nacin-07.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секојдневни навики поради кои кожата ви старее побрзо (и ви се појавуваат брчки) Не ставате крем со фактор, водите грижа само за кожата на лицето и користите нес...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
8 митови за убавина со кои ѝ штетите на кожата (и непотребно трошите пари) Само затоа што некој продукт е многу скап, не значи дека ќе биде погоден за вас....
Активни состојки во продукти за кожа кои се идеални за зима (ја штитат од сушење и загаден воздух) Витаминот Ц е идеален за зимските денови бидејќи ја штити кожата од загадувањето...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg