Слатка опсесија на блогерките: Сладолед што се „топи“ на лицето

Новиот летен хит за убавина на социјалните мрежи е „сладоледната шминка“, а ѕвездите на Инстаграм веќе се опседнати од слаткиот тренд.

slatka-opsesija-na-blogerkite-sladoled-shto-se-topi-na-liceto-1.jpg

Имагинативните блогерки за убавина везден црпат инспирација, од буквално сè и сешто, а актуелниот жежок бран кој моментално им е на ум, пристигнува од омиленото ледено задоволство за многумина – сладоледот.

Несекојдневните козметички креации со кои популарните трендсетерки се опседнати оваа сезона, подразбира цртање на сладолед што се топи на нивните лица, а посебно се истакнува на веѓите или вратот. Дел од нив дури одат и чекор понатаму, па шминката ја комплетираат и со корнет во косата, за што поавтентичен изглед.

Новиот летен тренд е хит на на социјалните мрежи, а популарните „ѕвезди“ на Инстаграм се трудат да бидат што пооригинални и поинтересни во изведбата, вклучувајќи се во предизвикот да пресоздадат сладолед на нивното лице, а користејќи се со различни бои и текстури при шминкањето.

Иако не сме сигурни дали има некоја дама што би го поминала летото на плажа со дебел слој светла и колоритна шминка на лицето, можеби токму во овој стил ќе пронајдете идеја за следниот маскенбал на кој ќе присуствувате.

Би се нашминкале ли вака?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Новиот хит за маникир во лето 2025 – реалистично пресликани лушпи од овошје (фото) Изгледа е време да се збогувате со нацртаните плодови од црешки и лубеници и да ...
Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...
Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...

Најчитани неделава