Водич за летно шминкање: Каде да нанесете бронзер според обликот на лицето?

Бронзерот е еден од производите за шминкање за кој не сме секогаш најсигурни како и во кој дел на лицето е правилно да го нанесеме.

vodich-za-letno-shminkanje-kade-da-nanesete-bronzer-spored-oblikot-na-liceto-001.jpg

Со помош на овие совети, нема веќе да се двоумите и ќе научите како да го нанесувате во зависност од обликот на лицето.

Главното правило за бронзерот е дека треба да се стави на оние делови на кои прво ве фаќа сонце: челото, носот и јаболкиците, а може и малку на деколтето.

Овално лице

Нанесете малку бронзер на врвот на челото, кај косата. Не ги заборавајте и образите, а може малку да ставите и на мостот на носот.

Правоаголно лице

Ако имате правоаголен облик на лицето, со четкичка нанесете од бронзерот низ средината на челото и низ средината на јаболчиците.

Округло лице

За визуелно да го стесните лицето, почнете да го нанесувате бронзерот од јаболчниците кон брадата.

Четвртесто лице

Бронзерот нанесете го на јаболчиците и челото, но со нежни движења бидејќи така ќе ги омекнете острите црти на лицето.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
6 грешки во шминкањето кои веднаш прават да изгледате постаро Со текот на годините сјајот и хајлајтерот стануваат непријатели на изгледот, а г...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките? Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...

Најчитани неделава