Козметички производи кои имаат и друга корисна намена покрај основната
Многу производи, освен првичната намена за која ги користиме, имаат и друга корисна употреба.

Па така, козметичките производи, освен за убавина, може да се користат и како средства за чистење облека или други предмети.
Лабелото за усни може да го користите и како омекнувач за врвовите на косата.
На ваков начин, можете да заштедите, и плус, да ги искористите производите максимално.
Кои се другите намени на козметичките производи погледнете во продолжение:
Тоникот за шминка може да ви помогне да ги дезинфицирате рацете, како и тастатурата или мобилниот телефон.

Козметичкото масло може да ви помогне совршено да го исчистите лавабото.

Безбојниот лак за нокти може да ви помогне да ги прикриете гребнатините на мебелот или да ги залепи малите делчиња од рамките на очилата без да остави трага.

Средството за отстранување шминка, освен што го брише лицето може да ви помогне да ги отстраните сите дамки од етикети или цени залепени на било која површина, како и да избришете шминка од облека.

Со помош на ацетон може да избришете лепак од рацете или да им го вратите сјајот на плочките.

Хидратантните креми освен што го омекнуваат лицето, може да ви помогнат и да им дадете сјај на кожените додатоци.

Балсамот за усни може да ви помогне да ги спасите врвовите на косата.

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките?
Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...
Четири причини зошто имате многу груба кожа на стапалата (и покрај редовниот педикир)
Користите многу груби алатки, како метална турпија за пети, и ја занемарувате не...