Направете вашите стапала да заблескаат - лесен педикир во домашни услови

Конечно топлите денови се пред нас, а модните комбинации и временските услови ни овозможуваат да ги покажеме стапалата во отворени сандали и папучи. Но, има ли нешто полошо од груби пети и неуредни нокти на нозете?

Lesen-pedikir-vo-domasni-uslovi-01.jpg

Доколку сакате да си направите ефикасен педикир во домашни услови, следете ги следните едноставни чекори:

1. Подгответе домашна купка. Во топла вода додадете малку морска сол која ќе ви помогне да ја омекнете тврдата кожа. Добро накиснете ги, а по желба додадете и некое етерично масло како лаванда, рузмарин или чајно дрво.

Опуштете се 15 до 20 минути. Дотогаш тврдата кожа ќе биде омекната и време е да ја отстраните. Најдобри резултати ќе постигнете со поголема (но не прегруба) турпија за пети или камен за пети.

2. Исушете ги нозете со мек пешкир и прејдете на вториот чекор, уредување на ноктите. Важно е да ги исечете рамно и не премногу длабоко за да не дојде но враснување на ноктот во месото.

Рабовите ублажете ги со помош на мека турпија, а плочката на ноктот исполирајте ја со мазна турпија за полирање. Кожичките на ноктите поттурнете ги со дрвено стапче за кутикули.

3. Време е за лакирање на ноктите. За почеток нанесете подлога, односно база, а потоа и лак за нокти во саканата нијанса. Немојте да имате предрасуди кон смелите весели бои, бидејќи тие ќе направат подраматичен и поуреден ефект на ноктите.

Нанесете го лакот во 2 слоеви, но внимавајте првиот слој да биде добро исушен.

4. Кога ќе се осигурате дека двата слоја на ноктите се добро исушени, започнете ја хидратацијата. Стапалата сакаат мрсни, хидратантни кремови, па слободно нанесете подебел слој.

Сосема очекувано, овој чекор е најдобро да го повторувате еднаш дневно.


*
За да избегнете толку многу работа следниот пат кога ќе си правите педикир, по потреба правете пилинг и турпијајте ги стапалата додека се бањате или сте под туш, со цел да ја отстраните задебелената кожа.

Не заборавајте на секојдневната хидратација, но и заштитата на стапалата кога ги изложувате на сонце, што значи дека кремот со заштитен фактор е задолжителна.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
12 жени кои излегоа со плачење од салон за убавина и не можеа да го скријат разочарувањето (фото) „Косата требаше да ми биде многу бледо розова, а не интензивно розова. Кога се п...
35 идеи за маникир инспириран од новогодишните празници (одлични и за кратки и за долги нокти) Елки, сијалички, ирваси, светки, црвената и зелената боја, снегулките... сето ов...
Четири грешки со кои си го уништувате гелниот маникир (и вашите природни нокти) Откако целосно ќе ги извадите гелните нокти, не правите пауза и ги користите нок...

Најчитани неделава