Практични совети за полесно бричење на нозете

Летото е време од годината кога сакаме да шетаме во фустани и шорцеви, па поради тоа потребно е редовно отстранување на влакната на нозете. Иако депилацијата е најпрактична за таа намена, постојат девојки и жени со пречувствителна кожа, за кои бричењето е најлесен избор.

praktichni-soveti-za-polesno-brichenje-na-nozete-03.jpg

Ако сте од оние на кои влакната пребрзо им растат, бричењето треба да го практикувате што почесто. Затоа не е ни чудно ако ви е здодевна оваа активност и ако некогаш носите долги фармерки дури и кога надвор е претопло.

Прочитајте ги следниве совети и трикови и олеснете си го отстранувањето на влакненцата, но и задржете ја мазноста што подолго.

Топла купка

Пред да посегнете по бричот, потопете ги нозете во топла купка 10-15 минути, за кожата да омекне и да се отворат порите. На тој начин полесно ќе можете да ги бричете веднаш до коренот.

Пена или гел за бричење

Користете специјално наменети производи за бричење, наместо обична сапуница. Откако сте ги држеле нозете во топла купка, нанесете од производот. На овој начин кожата останува хидратирана и се намалува ризикот од исеченици. Овие средства често содржат и состојки кои ја смируваат иритираната кожа.

praktichni-soveti-za-polesno-brichenje-na-nozete-02.jpg

Пилинг

Заедно со топлата купка, добро е да практикувате и пилинг. Така ќе бидете сигурни дека се отстранети сите мртви површински клетки на кожата, кои можат да пречат за време на бричењето. Можете да нанесете и само сол на влажни нозе, да ги измасирате со кружни движења и да измиете.

Спротивно на растот

Во однос на правецот на бричење, најдобро е да бричете во спротивниот правец од растот на влакната, бидејќи така најлесно му се доближувате на коренот. На овој начин ќе добиете подолготраен резултат отколку ако ги бричете во правецот на растењето.

praktichni-soveti-za-polesno-brichenje-na-nozete-01.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава