Зошто на зборот грд/а му даваме толку голема моќ?

Авторката Мишел Елман испраќа моќна порака до сите, особено до најмладите - убавината е субјективна работа.

zoshto-na-zborot-grd-mu-davame-tolku-golema-mokj-01.jpg

Мишел Елман е автор на книгата „Am I Ugly?“ за која вели дека го избрала тој наслов затоа што токму тоа прашање „Дали сум грда?“ си го поставувала цело време додека растела. Таа вели дека и истражувањата покажуваат дека на Google оваа тема е многу пребарувана.

Мишел открива дека во текот на детството имала лузни по целото тело и верувала дека никогаш нема да биде убава, ниту вредна за сакање. Таа вели дека прашањето ѝ ја одземало самодовербата и имало огромна моќ врз неа.

zoshto-na-zborot-grd-mu-davame-tolku-golema-mokj-02.jpg

Исто така, ја боли што зборот „грд/а“ се користи како една од најголемите навреди во општеството и објаснува дека убавината е субјективна работа и дека не значи дека сте грди, само затоа што некој вели така.

Порачува дека сите ние како луѓе треба да се фокусираме да не му даваме толку големо значење на физичкиот изглед и дека и „најгрдите“ луѓе може да живеат многу исполнет живот, ако знаат да се концентрираат на богатството што го носат во себе.

Мора да ги научиме децата дека грдоста и убавината се субјективни и да престанеме да му даваме толку големо значење на зборот грд/а.

zoshto-na-zborot-grd-mu-davame-tolku-golema-mokj-03.jpg

С. С.| Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 идеи за совршен маникир за на работа, по летните одмори Без оглед на бојата што ќе ја изберете за своите нокти, клучниот детаљ е во совр...
Анета Љумаковска за стилот и убавината: „Слабост ми се чанти, секоја вечер темелно го чистам лицето“ „Се трудам да бидам физички активна, и иако немам строго дефинирана рутина, се о...
Дадар советува: Како да се нашминкате за на работа и да ги скриете подочниците? (видео) „Не заборавајте пудрата да ја 'спуштите' и на вратот - многу жени забораваат да ...

Најчитани неделава