Лесни изгореници - Како да ја негувам својата кожа?

Изгорениците се едни од најчестите повреди во домаќинствата. Најдобро за кожата е да делувате веднаш, за колку што е можно повеќе да ги спречите последиците. Во случај да се изгорите,сериозните изгореници имаат потреба од итна медицинска нега, но за лесните, површински изгореници на кожата на возрасните, ќе биде доволна и домашната нега.

lesni-izgorenici-kako-da-ja-neguvam-svojata-kozha-01.jpg

Што претставува изгореница?

Изгореницата е рана, предизвикана од дејство на топлина, пламен, триење или сончевите зраци. Најчести причини за изгореници на кожата се следните:

  • Изгореници од зрачење: најчесто се среќаваат оние од прекумерно изложување на сонце
  • Топлотни изгореници: изгореници од жешки предмети, течности (како течности што вријат) или оган (вклучително пламен од кибрит и запалки)
  • Фрикциони изгореници: обично се комбинација од триење со истовремена топлотна изгореница (контакт со тврда површина), како на пример патишта, килими, подови на фитнес сали или јажиња
  • Електрични изгореници: од електрични извори
  • Хемиски изгореници: од средства за домашна или индустриска употреба

Какви видови изгореници има?

Изгорениците варираат по интензитет и се класифицираат во зависност од оштетувањето што е направено на кожата и на ткивото под неа:

  • Изгореници од прв степен: наречени и „површински изгореници“. Тоа се најлесните изгореници и го зафаќаат само епидермалниот (надворешен) слој на кожата. Кожата нема рана, но е црвена (дури и бела на притисок), отечена и болна.
  • Изгореници од втор степен: наречени и „изгореници кои одат во длабочина “. Кај нив оштетувањето на кожата се протега од најнадворешниот слој на кожата до дермисот. На кожата се појавуваат меури, таа е црвена, влажна и болна.
  • Изгореници од трет степен: најтешките видови изгореници се познати и како „изгореници во цела дебелина“. Тие го оштетуваат ткивото, а можеби и коската под површината на кожата. Тие често се кафени/црни и суви на изглед и бидејќи често се повредени и нервите, може да не се болни.

lesni-izgorenici-kako-da-ja-neguvam-svojata-kozha-02.jpg

Лекување при изгореници: што треба да направам ако се изгорам?

Препораките за лекување при изгореници варираат во зависност од тежината на изгореницата:

  • Изгореници од прв степен: обично се лекуваат во домашни услови, но сепак треба да се консултирате со лекар, ако изгореницата зафаќа површина на кожата со пречник поголем од 7 см и е на лицето или на некој зглоб.
  • Изгореници од втор степен: може да има потреба од локален антибиотик и чести преврски. Се препорачува консултација со лекар, особено ако изгореницата зафаќа поголема површина или е на лицето.
  • Изгореници од трет степен: хемиските и електричните изгореници бараат брза медицинска интервенција и потребно е да се обратите на најблиската служба за итна помош или да се консултирате со лекар во зависност од тежината на повредата.

Нега на кожата при лесни и површински изгореници од прв степен

Првиот чекор во негата при изгореници од прв степен е да се потопи делот од телото со изгорена кожа во студена вода или да се држи под млаз студена вода од чешма најмалку 5 минути.

Потоа можете да ја процените состојбата на кожата:

  • Ако кожата е иритирана и црвена, можете да нанесете крем за изгореници или заштитен мевлем како Eucerin Aquaphor Заштитен мевлем за оштетена кожа. Мевлемот обезбедува SOS нега од којашто кожата има потреба и ја забрзува регенерацијата на кожата. Тој образува полуоклузивна заштитна бариера на површината на кожата, којашто го помага природниот пренос на вода и кислород во и од кожата. Глицеринот во формулата е ефикасен навлажнувач, којшто ја привлекува водата и помага таа да се задржи во кожата. Тој дејствува заедно со пантенолот, којшто помага да се забрза оздравувањето и регенерацијата на кожата, при што истовремено и ја хидрира. Клинички и дерматолошки е докажано дека мевлемот го забрзува оздравувањето на повредената кожа.
  • Во случај на лесни сончеви изгореници нанесете смирувачки производ за после сончање, како на пример Eucerin After Sun Крем-гел на засегнатата кожа.

lesni-izgorenici-kako-da-ja-neguvam-svojata-kozha-05.jpg

Eucerin Aquaphor Заштитниот мевлем за оштетена кожа е достапен во две пакувања: 45 мл и 220 мл:

lesni-izgorenici-kako-da-ja-neguvam-svojata-kozha-03.jpg

lesni-izgorenici-kako-da-ja-neguvam-svojata-kozha-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...

Најчитани неделава