Make up совети од Орифлеим - најефективна шминка за бринети, црвенокоси и русокоси

Не е секогаш лесно да се погоди она што е најдобро за вас, па затоа пробајте една од овие веќе проверени комбинации …Понекогаш шминкањето е навистина тешка задача, без разлика колку и да ви се чини дека може набрзина да се направи, тоа не е така. Полесно е ако знаете како треба тоа да го направите и како да ги вклопите нијансите.

make-up-soveti-od-oriflame-najefektivna-sminka-za-brineti-crvenokosi-i-rusokosi-1.JPG

Вака би требало да се шминкаат девојките кои сакаат шминката да им одговара на бојата на косата:

За бринети

Доколку сакате да ја вклопите кафеавата коса и неутралната шминка, почнете постепено. Не ставајте кафеаво руменило на образите, пробајте некое со розев тон што ќе ѝ даде свеж сјај на вашата кожа. Кога станува збор за очите, комбинирајте различни кафеави сенки и нанесете потемна боја по работ на капакот.

За русокоси

Бронзените тонови им стојат одлично на русокосите девојки. Спротивно на широко распространетото мислење, бронзерот не е наменет само за во лето, нанесете пригушен бронзен тен на образите и за време на постудените денови.

make-up-soveti-od-oriflame-najefektivna-sminka-za-brineti-crvenokosi-i-rusokosi-2.jpg

За црвенокоси

За Црвенокосите девојки изборот на шминка е тешка задача. Наместо стандардната розева и црна боја, попрво одлучете се за пригушени тонови. Розев и црвен кармин на усните со кафеав подтон ќе изгледаат подобро отколку само розев или црвен.

make-up-soveti-od-oriflame-najefektivna-sminka-za-brineti-crvenokosi-i-rusokosi-3.jpg

Денес, се повеќе жени на прашањето што е убавина, би одговориле… Убавината е среќа и претставува најизразената атрактивност на нашиот уникатен дух. Тоа се моментите што ни даваат чувствува на слобода и вистина. Тоа се моменти во кои се чувствуваме горди и посебни. Тоа се моментите во кои се чувствуваме живи. Се чини дека тој елемент е вроден и го има секоја жена. Нашите тела се едноставно школка која ни овозможува да зрачиме поради овие искуства и достигнувања. Ниту една култура или концепт, никогаш не може да ја дефинира убавината.

Затоа што, секоја жена е убава на свој начин!

Би можело да ве интересира:

Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
35 идеи за маникир инспириран од новогодишните празници (одлични и за кратки и за долги нокти) Елки, сијалички, ирваси, светки, црвената и зелената боја, снегулките... сето ов...
Митови за парфеми во кои веруваме сите - Скапите траат подолго, немаат рок на траење Не е точно дека скапите парфеми треба да траат подолго бидејќи долготрајноста не...
Анета Љумаковска за стилот и убавината: „Слабост ми се чанти, секоја вечер темелно го чистам лицето“ „Се трудам да бидам физички активна, и иако немам строго дефинирана рутина, се о...
5 тренди бои на коса кои се идеални за постудено време Суптилно нијансирање на вашата природна боја ако сакате нешто поедноставно или н...

Најчитани неделава