Порака до мажите што ме исмеваа на плажа: „Не постои тип на идеално бикини тело, сфаќате?“

„Како не ви е срам? Поради луѓето како вас жени стануваат анорексични, булимични, несигурни, извршуваат самоубиства и што уште не...“

poraka-do-parot-shto-me-ismevashe-na-plazha-ne-postoi-tip-na-idealno-bikini-telo-sfakjate-01.jpg

Шели Пробстел од Нов Зеланд додека била на плажа каде се сончала и забавувала забележала како некои мажи посочуваат кон неа и ја исмејуваат за начинот на кој ѝ стои костимот за капење.

Шели го сподели своето искуство на Фејсбук со моќна порака до сите жените кои чувствуваат дека треба да имаат „идеално бикини тело“, како и за негативниот ефект кој исмевањето го има врз луѓето.

„До мажите кои посочуваа на мене и ме исмејуваа денес на плажа, кога ја тргнав наметката соголувајќи ја мојата душа (бикини тело) пред светот, само сакам да ви кажам е*ете се.

Поради празноглави луѓе како вас луѓето се несигурни околу своето тело.

Поради луѓето како вас жените не се чувствуваат самоуверено и комфорно во бикини или кратка маичка или краток фустан.

Поради луѓето како вас се изгладнуваат и се разболуваат од обидот да имаат тело како моделите.

Поради луѓето како вас носат маици на долги ракави цела година затоа што се плашат да ги покажат нивните раце.

Поради луѓето како вас стануваат анорексични, булимични, несигурни, извршуваат самоубиства и што уште не.

Не, вие не сте во целост виновни.

Но, ДА имате некоја одговорност.

Па, затоа наредниот пат кога ќе видите некој како мене на плажа во бикини или во слична ситуација, пред да се смеете и да покажувате со прст, одвојте момент да размислите за штетата која може да ја сторите, затоа што не секоја личност, млада или стара, машко или женско, нема дебела кожа и отпорност или пак самодоверба, како што имам јас за да ви кажам што мислам.

Нема да лажам, имаше дел од секунда кога речиси ќе се покриев повторно и потоа се потсетив себе на сè што научив на ова патување и ја држев главата високо и го оставив мојот стомак надвор и носев бикини со гордост.

Родители, ве молам да ги научите децата дека не постои една форма на тело, туку дека постои виножито од убави тела. Научете ги да не зјапаат директно во поголем стомак од тој на кој можеби се навикнати да го гледаат на телевизија и во ова општество, туку наместо тоа да ја гледаат личноста во лице и очи.

Научете ги да бидат фини со сите типови на луѓе, без разлика на надворешниот изглед. Научете ги вашите деца да ги прифаќаат поради тоа какви се внатрешно.

Научете ги да бидат примери за тие околу нив кои не се научени на тоа и да бидат позитивната промена која сакаме да ја видиме во светот, па за 5 или 10 или 20 години повеќе да нема луѓе на плажа кои ќе бидат покажувани и исмевани поради начинот на кој изгледаат кога носат бикини.“

Прочитајте и Полничка девојка во танга беше навредена и на плажа во Грција!

To the guys who pointed and laughed when I took my sarong off today at Mt Maunganui Beach, bearing my soul (my bikini...

Posted by Phat, Fun and Fabulous on Friday, January 11, 2019
" data-width="630" data-show-text="true">

To the guys who pointed and laughed when I took my sarong off today at Mt Maunganui Beach, bearing my soul (my bikini...

Posted by Bald and Beautiful on Friday, January 11, 2019

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брчки, лузни: Славни дами кои не ги кријат своите мали „несовршености“ Од фалтички на вратот до флеки кои се појавуваат со текот на годините по деколте...
8 бон-тон правила за во лето со кои ќе изгледате како дама Не шетајте по бикини низ градот во којшто се на одмор и избегнувајте силни парфе...
10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо Бразилките пијат вода од кокос, не излегуваат од дома без заштитен фактор дури и...
Три типа на шишки кои ќе ве подмладат по 40-тата година Многу жени се плашат да носат шишки, бидејќи мислат дека нема да можат да ги „од...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
Трикови со кои моделите секогаш изгледаат беспрекорно Некои плус-сајз модели носат потполнки на рамената за половината да им изгледа п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg