5 правила за блескава и здрава кожа без козметика

Сите сакаме здрава, блескава и чиста кожа. Таа е огледало на нашите (не)здрави навики, но на пазарот постојат толку многу производи и експерти кои ни кажуваат како да се грижиме за нашата кожа, па станува се потешко да се направи вистинскиот избор.

5 pavila za bleskava i zdrava kozha bez kozmetika 01

Одржувањето на добриот изглед на кожата не мора да ве чини многу, а можеби е и време да заборавите на сите совети што сте ги слушнале досега.

За да ги примените овие едноставни совети нема да ви требаат ниту време ниту пари - здравата кожа е резултат на здравиот начин на живот.

Пијте повеќе вода

Ова е очигледно, но би биле изненадени колкумина од нас не пијат доволно вода бидејќи им е здодевно или не им се допаѓа вкусот. Ова е најважната работа што треба да ја направите за вашето здравје - добрата вест е дека е лесна и евтина! Ако сакате да се чувствувате подобро, натерајте се да ја сакате водата и почнете да пиете прочистена, квалитетна вода.

Нашето тело е составено од 60 проценти вода, и таа е неопходна треба за да преживееме. Започнете да пиете најмалку 350 милилитри дневно во текот на следните две недели и внимателно следете како вашата кожа се менува на подобро.

Јадете органска храна

Здравјето на кожата е повеќе она што го внесувате во вашето тело отколку што го ставате на вашето тело. Со други зборови, вашата исхрана е многу важна.

Уште поважно е да се намали вашата изложеност на токсини во вашата средина и вашата храна. Јадењето органска храна ќе помогне во тоа. Ако вашето тело е полно токсини, тоа ќе се види на вашата кожа.

Вистинска храна е онаа која расте во земја или на дрво, и на тоа треба да се базира вашата исхрана. Обидете се да го ограничите внесот на фабричка храна или храната полна со адитиви.

Хидрирајте

Здравата и убава кожа е хидрирана кожа. Постојат многу органски производи на пазарот со едноставни состојки. Тоа зависи од вашиот личен тип на кожа и ниво на чувствителност.

Прочитајте ги состојките и направете мало истражување за тоа кој производ најмногу би ви одговарал. Откако ќе го одберете, создадете си навика да ја хидрирате кожата наутро и навечер.

Потете се

Дури и ако добро јадете и ги избегнувате токсините во храната и производите за нега на кожата, ако живеете на оваа планета несомнено сте изложени на токсини. Нашето тело има систем за детоксикација на неколку начини, а еден од најважните е преку потење.

Многу е важно да се потите често за да можете да ја исчистите кожата. Обидете се со јога, џогирање, брзо одење или било која друга активност.

Не заборавајте ги додатоците во исхраната

Дури и ако јадете балансирана и здрава, органска храна, многу е веројатно дека сѐ уште ви недостасуваат некои клучни хранливи материи. Ова се должи на намалениот квалитет на почвата во нашето сегашно опкружување и модерните земјоделски методи.

Како минимум, препорачано е да земате мултивитамини кои содржат витамини А, Ц, Е, Д, К, Б3, Б5 и фолна киселина. Сите овие позитивно влијаат на здравјето на кожата.

Применете ги овие едноставни стратегии во вашата секојдневна рутина и вашата кожа ќе одговори на позитивен начин. Плус, сите овие совети го подобруваат вашето целокупно здравје, така што може да бидете сигурни дека правите добар избор.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава