Трик за користење на коректор од Рози Хантингтон-Вајтли

Иако сме 100% уверени дека славните користат скапа и тешка шминка, вистината е дека голем дел од нив се многу практични и штедливи во однос на тоа.

rozi-hantington-vajtli-sovetuva-kako-da-koristite-korektor-namesto-pudra-01.jpg

Моделот Рози Хантингтон Вајтли неодамна откри која е нејзината најголема тајна во врска со шминката и изгледот. Имено, таа наместо да користи повеќе слоеви шминка, врз подлогата наместо пудра, нанесува коректор.

Во неофицијални пригоди шминката ја сведува на минимум, но речиси никој не очекуваше дека тајната на нејзиниот изглед е токму во коректорот.

Таа советува да користите лесен и кремаст коректор, без разлика дали ќе се одлучите за стик или за течен. Можеби ќе треба да измешате една до две нијанси за да ја добиете бојата која ви одговара. Според Рози, истиот трик го користат и многу нејзини колешки, за да избегнат мачкање со пудра.

rozi-hantington-vajtli-sovetuva-kako-da-koristite-korektor-namesto-pudra-02.jpg

Таа советува да нанесете нијанса која одговара на тенот на образите, вилицата и челото и да размачкате со сунѓерче за шминкање. Потоа, нанесете светол коректор под очите, за да ја осветлите кожата.

На крај, можете да ја додефинирате шминката со бронзер. На овој начин добивате лесна, а ефективна шминка, која може да биде и доста поекономична од класичниот начин на шминкање.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки со коректор што ви ја уништуваат шминката (и прават да изгледате постаро) Ставате многу светол коректор или го нанесувате на целото лице, како пудра. С...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Топ трендови за убавина кои ќе владеат во есен-зима 2025 Пуштената неуредна коса ќе биде модерна, но и залижана фризура на патец, а кога ...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава