Топ 3 трендови од светот на шминката на кои со задоволство им кажуваме збогум во 2019

Трендовите доаѓаат и си одат, иако мора да признаеме дека овие се задржаа прилично долго кога станува збор за декоративната козметика и шминката. Најголемиот дел од работите што ги наметна т.н. „Инстаграм“ шминка дефинитивно треба да ги испратиме во историјата.

Top-3-trendovo-od-shminkata-na-koi-im-kazuvame-zbogum-01.jpg

Ова се водечките три трендови кои ги оставаме во прав и заборав:

Усни со филери

Последниве неколку години се чини дека секоја втора девојка сонува за пополни усни, тренд кој го започна Кајли Џенер. Желбата да се има полни усни отиде до невидени размери, со вшмукување мали чаши со цел да добие повеќе волумен, до лажно пополнување со шминка и реално со т.н. филери за усни.

Последниот тренд вклучува корекција и пополнување на усните со хијалуронско пенкало, за кое се тврди дека е безболна метода без крв и опасни последици, бидејќи со текот на времето усните спласнуваат.

Сепак, велиме доста. Време е за нормални и природни усни, без никакво претерување.

Top-3-trendovo-od-shminkata-na-koi-im-kazuvame-zbogum (2).jpg

Инстаграм веѓи

Дали е нормално да посветите повеќе од половина час во обликувањето и исцртувањето на веѓите? Дефинитивно не.

Строго обликуваните веѓи кои се доведени до совршенство со помош на моливчиња и гелови за таа намена, како и коректор за лице со кој се покриваат сите недостатоци изгледаат толку неприродно и остро, па со олеснување воздивнуваме додека го бришеме трендот од „правилникот за убавина“.

Top-3-trendovo-od-shminkata-na-koi-im-kazuvame-zbogum (1).png

Силно контурирање

Да, контурите можеби му даваат длабочина на лицето и визуелно прават истото да изгледа послабо и издолжено. Но, заборавете на силното контурирање со темни бои, осветлувањето на одредени делови и т.н. „baking“ метод, односно „печење“ на шминката.

Време е за поприроден изглед кој лесно може да се постигне со кремави производи во стик наменети за контурирање и бронзери со прав.

Top-3-trendovo-od-shminkata-na-koi-im-kazuvame-zbogum (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 омилени трикови за шминкање на Италијанките што ја истакнуваат природната убавина Акцентирани веѓи и трепки со минимална шминка, како и BB крем наместо пудра.&nbs...
Темни дамки, подочници, несовршености - Славни дами кои покажаа како изгледаат без грам шминка (фото... Навикнати сме да ги гледаме познатите дами со шминка, беспрекорен тен, совршени ...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Четири грешки со кои си го уништувате гелниот маникир (и вашите природни нокти) Откако целосно ќе ги извадите гелните нокти, не правите пауза и ги користите нок...
Топ трендови за убавина кои ќе владеат во есен-зима 2025 Пуштената неуредна коса ќе биде модерна, но и залижана фризура на патец, а кога ...

Најчитани неделава