Трикови за убавина кои ги користат жените над 40 за совршен изглед

Негата на лицето и општо, на целото тело, треба да биде прилагодена на возраста и тоа е правило кое веќе ни е познато на сите. Стареењето е неповратен процес, но не се случува преку ноќ.

trikovi-za-ubavina-vo-koi-se-kolnat-zhenite-nad-40-godini-01.jpg

За среќа, постојат многу начини како овој процес да биде побавен, иако не треба да се очекува од козметиката и исхраната да бидат фонтана на младоста.

Ова се триковите кои ги користат жените над 40 години и кои се покажале како успешни:

Креми со ретинол

Ретинолот помага да се ублажат промените во пигментацијата на кожата. Во негата треба да се вклучат и производи со витамин А, за да се спречи појавата на таканаречените старечки пеги и да се смири тонот на кожата.

Стоење исправено

Исправеното стоење е лесно да се изведе, но и многу неопходно кога поголемиот дел од времето го поминуваме во седење на работно биро, пред компјутер. Исправениот став го истегнува ‘рбетот, го подобрува држењето на главата и придонесува за поголема мобилност на целото тело.

Јадење јаболка

Јаболкото е овошје кое е полно со вода и витамини кои ја освежуваат кожата и спречуваат да се формираат ситни брчки. Овошја за против старeење се и авокадото, бананата, боровинките, дињата и јагодите.

Витамин Ц

Витаминот Ц е важна компонента од негата на кожата. Подеднакво е важно да го внесувате преку храна или како додаток, но и да користите производи за нега кои го содржат.

Тој им помага на површинските оштетувања на кожата побрзо да зараснат и го подобрува природното производство на колаген.

Социјализација

Социјализацијата и одржувањето на пријателствата се здрави за луѓето на сите возрасти. Дружењето придонесува за среќа, а кога сте среќни се чувствувате помладо и поздраво.

Заштитен фактор

Изложувањето на сончевите зраци си го прави своето. Затоа е важно во својата рутина за нега да ги вклучите и производите со заштитен фактор, кои ќе ве заштитат од УВ-зрачењата.

Не е толку тешко, зарем не?

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава