Пристигна долгоочекуваниот Еуцерин “Анти-пигмент” двоен серум за нега на кожа склона кон хиперпигментација

Сите оние кои имаат проблеми со симптоми на хиперпигментација на кожата, конечно може да здивнат! Колекцијата Еуцерин “Анти-пигмент” е комплетирана со иновативниот Еуцерин “Анти-пигмент” двоен серум кој претставува комбинација од патентиран Тиамидол со формула со концентрирана хијалуронска киселина во иновативен двокомпонентен систем. Станува збор за ефективна медицинска козметика која ги намалува темните дамки по само две недели, а кожата изгледа поизедначена и посветла.

pristigna-dolgoocekuvaniot-eucerin-anti-pigment-dvoen-serum-za-nega-na-kozha-sklona-kon-hiperpigmentacija-01.jpg

Изложеноста на сонце, стареење или хормонални промени се појави кои неможат да се избегнат, а кои причинуваат појава на темни дамки и флеки, првенствено на лицето, дланките и надлактиците, и кои создаваат значајни непријатности.

„Без разлика кого погодува, главната причина за хиперпигментација е секогаш истата: зголемено лачење на меланин”, објаснува др. Лугер Колбе, шеф на Катедрата за Фотобиологија во Баерсдорф. „Меланинот служи за природна заштита против УВ сончевите зраци. Но, доколку се произведе премногу меланин и тој е нееднакво распределен, се развиваат видливи пигментирани дамки: кои ги нарекуваме хиперпигментација.”

“Анти-пигмент” колекцијата на Еуцерин ја содржи активната состојка, Тиамидол, која го решава проблемот во корен со тоа што го редуцира лачењето на меланин на кожата. Од 50.000 тестирани супстанци во лабораториите на Баерсдорф во текот на изминатите 10 години истражување и развој, Тиамидолот се покажа како најефективна и најсилна состојка. За време на 3-месечното клиничко тестирање, испитаниците со хиперпигментација ги видоа првите резултати по само две недели нанесување, со континуирано подобрување на состојбата видливо во текот на наредните 12 недели.

pristigna-dolgoocekuvaniot-eucerin-anti-pigment-dvoen-serum-za-nega-na-kozha-sklona-kon-hiperpigmentacija-02.jpg

Со цел да се постигнат најдобрите можни резултати, Еуцерин “Анти-пигмент” треба да се употребува редовно. Сите производи се докажано ефективни и во исто време лесни за користење. Со секојдневна употреба, ефектите континуирано се подобруваат. Производите кои содржат Тиамидол можат да бидат употребувани максимум 4 пати на ден.

Колекцијата се состои од:

  • Еуцерин “Анти-пигмент” Двоен Серум: комбинира патентиран Тиамидол со формула со концентрирана хијалуронска киселина во иновативен двокомпонентен систем
  • Еуцерин “Анти-пигмент” Дневна Нега: нуди заштита од сонце со фактор 30,
  • Еуцерин “Анти-пигмент” Ноќна Нега: помага во обновата на клетките на кожата во текот на ноќта со Декспантенол,
  • Еуцерин “Анти-пигмент” Коректор на дамки: овозможува насочена примена на специфични делови со хиперпигментација.

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава