Усни како порно ѕвезди: Жени го ризикуваат здравјето за популарност (фото)

Социјалните мрежи се преплавени со застрашувачки фотки од енормни усти, кои го потврдуваат бизарниот тренд кога се естетските корекции во прашање.

usni-kako-porno-dzvezdi-zheni-go-rizikuvaat-zdravjeto-za-popularnost-na-instagram-foto-1.png

Колкава цена се подготвени да платат жените за слава и внимание? Суровиот одговор го даде британскиот весник Mirror, пишувајќи за очајничките обиди на припадничкиоте од понежниот пол да бидат во тренд, ставајќи филери во усните налик на ѕвездите од филмовите за возразни

usni-kako-porno-dzvezdi-zheni-go-rizikuvaat-zdravjeto-za-popularnost-na-instagram-foto-2.jpg

За да го постигнат изгледот што се популаризира низ годините, тие се подложуваат себеси на десетици интервенции за зголемување на устата, трошејќи илјадници евра во ординациите на пластичните хирурзи.

Подоцна користат светли и светкави кармини, комплетирајќи го порно имиџот со огромни лажни трепки. Резултатот е неретко гротескен.

usni-kako-porno-dzvezdi-zheni-go-rizikuvaat-zdravjeto-za-popularnost-na-instagram-foto-3.jpg

Наместо посакуваната сензација, вообичаено стануваат вирална тема за потсмев на социјалните мрежи.

А, знаевте ли до која мера си го ризикуваат здравјето? Според дел од исказите што ги пренесе весникот, тие не се во можност да јадат и пијат со денови по ставањето на филерите. Не можат ниту да говорат правилно.

Во низа случаи, вистинската агонија допрва им следува.

usni-kako-porno-dzvezdi-zheni-go-rizikuvaat-zdravjeto-za-popularnost-na-instagram-foto-4.jpg

Како несакана појава честопати се соочуваат со сериозни компликации, како отоци, алергиски реакции, инфекции, па дури и протекување на течност од усните, поради што се терапирани со стероиди, антибиотици, антихистаминици и лекови за болка.

Многумина завршуваат и со хоспитализација, заклучуваат од Mirror. Зошто?!

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
5 грешки со кармин кои ви додаваат години Не правите пилинг на усните, ја игнорирате бојата на вашата кожа и претерувате с...
Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...
Хејли Бибер ја покажа новата фризура – тренд што ќе доминира во 2026-та Фризерката на Хејли Бибер објави фотка од нејзината потстрижена коса, а со тоа т...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава