6 трикови за чистење на лажниот тен, ако сте претерале со кремите за самопотемнување

На почетокот од летото, кога сè уште не сте имале можност да излезете на сонце, Кремите, маслата и спрејовите за самопотемнување се брзо решение.

6-trikovi-za-cistenje-na-lazniot-ten-ako-ste-preterale-so-kremite-za-samopotemnuvanje-001.jpg

Но, понекогаш вашата кожа не соработува или пак погрешно го нанесувате продуктот, за на крај да добиете нерамномерен тен или чудна портокалова боја.

Кога ќе се случи нешто вакво, нема потреба да паничите. Можете лесно да го решите проблемот, само треба да реагирате брзо.

Масло и малку триење

Најпрво нанесете масло на кожата и оставете го да се впие. Маслото ќе ја омекне кожата, па ќе нема потреба да триете премногу.

Можете да употребите бебешко масло за тело, но дури и маслиново или бадемово, што дополнително ќе ја нахрани вашата кожа. Потоа само истријте го телото со ракавица за триење.

Употребете жилет

Продуктите за самопотемнување најчесто се користат за нозете. Дали сте забележале дека кога се бричите, свежо нанесените продукти се отстрануваат?

Бричењето е како дополнителен пилинг, а во оваа ситуација секој пилинг ви е од помош. Па одколку погрешите со кремата за самопотемнување, нанесете пена за бричење и избричете ги нозете.

6-trikovi-za-cistenje-na-lazniot-ten-ako-ste-preterale-so-kremite-za-samopotemnuvanje-2.jpg

Набавете или направете добар пилинг

Немојте никогаш да ја потценувате моќта на пилингот. Набавете ракавица, за да ги заштитите дланките, добар пилинг и започнете. Добро втриете го пилингот на секој дел од телото од каде што сакате да го отстраните лажниот тен.

Ова може да биде грубо за кожата, па бидете внимателни. Можете да направите и домашен, понежен пилинг за кожа.

За лице, измешајте шеќер со кокосово масло. За пилинг за тело, измешајте сол со талог од кафе, и додека се туширате добро истријте го телото.

Сок од лимон

Веројатно веќе знаете дека лимонот и неговиот сок се наоѓаат за речиси секоја катастрофа со телото. Сепак, немојте да нанесувате премногу за да не настане иритација.

Исцедете неколку лимони и внимателно нанесете го сокот на проблематичните места. Оставете го се впие, па избришете ја кожата со погруба крпа. Доколку не сте задоволни, загрејте го сокот од лимон и повторете. Само внимавајте да не ја изгорите кожата.

6-trikovi-za-cistenje-na-lazniot-ten-ako-ste-preterale-so-kremite-za-samopotemnuvanje-3.jpg

Купка со масла

Доколку имате време, наполнете ја кадата и направете купка. Во неа ставете го кој било продукт што го сакате, а на крај додајте и малку масло, на пример од бадем.

Овој трик ќе ви помогне пред да направите пилинг, бидејќи маслото во купката длабински ќе ги исчисти порите.

Сауна

Изложеноста на пареа и високата температура можат да ви помогнат да се ослободите од тврдокорниот тен.

Ова можеби не е првиот трик што ќе го пробате, но сигурно ќе го направи отстранувањето полесно.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...

Најчитани неделава