Измет од славеј наместо пудра, спа со пиво – кои се најбизарните третмани за убавина?

Кога станал популарен, третманот со ботокс се сметал за исклучително контроверзен метод за подмладување, додека е денес вообичаен. 

Dali se ova najcudnite tretmani za ubavina vo svetot 01

Денес сите знаеме за ласери, мезотерапија и споменатиот ботокс. Сепак, современите техники стануваат популарен тренд во некои делови од светот, а ние уште не сме слушнале за нив. 

Дали се ова најчудните третмани за убавина?

Рецепт за убавина на гејшите

Порано гејшите користеле измет од славеј наместо пудра. Ова можеби ви изгледа непријатно, но изметот на славејот содржи супстанци што се исклучително важни за убавината.

Овој измет содржи гуанин, кој е одличен за отстранување на мртвите клетки од кожата. Азотот во изметот на славејот делува антибактериски и ја чисти кожата од нечистотии и ја прави посветла, што било исклучително важно за гејшите.

Во Јапонија, овој третман е апсолутен хит! Тој пристигна и во Лондон и во Њујорк, а жените со задоволство го поздравија. Оние што го пробале овој третман велат дека е корисен за кожата.

Изметот се зема од посебен вид на славеј, потоа се осветлува со УВ зраци, за да се уништат сите бактерии и да се исуши што е можно подобро. Потоа од него се прави прав што се става на лицето.

Овој третман ја чисти кожата и е одличен за отстранување на флеки, бидејќи ја осветлува кожата. Викторија Бекам е една од познатите дами која се осмелила да го испроба третманот.

Цена на еден третман е околу 200 долари, а третманот трае околу еден час.

Dali se ova najcudnite tretmani za ubavina vo svetot 02

Капење во пиво

Ако сакате пиво зошто да не се капете во него? Можете да го направите ова во Чешка, а ова „уживање“ ќе ве чини околу 100 долари, за 70 минути.

Има ли нешто поубаво од уживање во специјален џакузи со пиво наместо вода? Бањата е дизајнирана од дрво, а аромата на пивото ќе ги релаксира сите ваши сетила.

Dali se ova najcudnite tretmani za ubavina vo svetot 03

Усните на Пепелашка

Дали ја сакавте Пепелашка како дете? Ако е така, сигурно се сеќавате на нејзините усни - полни, заводливи и препознатливи.

Поради нив е создаден третман кој може да ви овозможи да ги имате истите усни како Пепелашка, барем на кратко.

Еден метод за зголемување на усните е токму овој третман, што им дава на усните привремена исполнетост, а овој ефект трае еден ден или можеби два дена.

Во Велика Британија третманот чини околу 40 долари и е поевтин од другите третмани. Самата процедура е безболна, третманот трае десет минути и се изведува под локална анестезија.

Dali se ova najcudnite tretmani za ubavina vo svetot 04

Капење во звукот

Во звучните бањи ги слушате звуците на кристалните чаши. Овој третман е добар за вашиот имунолошки систем. Овие бањи можат да ја активираат видливоста на боите. Со овој третман се лекуваат постојани главоболки, болки во грбот и проблеми со стомакот.

Dali se ova najcudnite tretmani za ubavina vo svetot 05

Мајчино млеко за нега на лице

Ако е добро за бебињата, зошто да не е добро и за чувствителната кожа на лицето? Сè уште нема официјални научни докази кои би ја поддржале ефективноста на мајчиното млеко на кожата.

Мајчиното млеко се меша со лековита кал и се користи во третман на акни, а чини околу 50 американски долари.

Dali se ova najcudnite tretmani za ubavina vo svetot 06

Масажа со змии

Кога сте уморни и ви треба нешто да ве опушти испробајте масажа со змии. Ако се плашите од змии, веројатно ова нема да ви звучи како добра идеја, но не сте ни свесни колку е популарна оваа масажа.

Сè што треба да сторите е да легнете и да се опуштите, тогаш масерот ќе стави неколку змии на вашето тело. Овој третман можете да го најдете во Њујорк, Израел и Индонезија. Звучи ли како да може да ве опушти...?

Dali se ova najcudnite tretmani za ubavina vo svetot 07

Вампирски третман на лице

Како ви звучи ова: Дерматологот ја вади вашата крв и ја инјектира во вашето лице. Звучи чудно, но овој третман е целосно безболен и лесен. Регенерацијата на кожата е многу побрза кога се прави овој третман.

Предноста на третманот е што е природен, бидејќи тромбоцитите се земаат од сопствената крв на пациентите. Затоа нема многу несакани ефекти.

Овој третман го подобрува тенот на кожата и квалитетот. Кожата станува светла, сјајна, а брчките се намалуваат или исчезнуваат целосно. Третманот се користи и за лузни и стрии.

Dali se ova najcudnite tretmani za ubavina vo svetot 08

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо Бразилките пијат вода од кокос, не излегуваат од дома без заштитен фактор дури и...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...
Широки колкови, дупка меѓу забите: Стандардите за убавина на жените низ земјите во светот Во Јапонија жената е привлечна ако има светол тен и ситни очи, во Доминиканската...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg