Која фризура е идеална за вас ако имате ретка и тенка коса?

Секоја девојка која има ретка и тенка коса знае колку е тешко да ѝ даде волумен. Доколку и вие спаѓате овде, важно е да знаете дека начинот на којшто ја кратите косата е особено важен. 

5-frizuri-shto-se-odlichni-za-retka-i-tenka-kosa-01.jpg

Покрај тоа, експертите советуваат да избегнувате користење регенератори со масла кои можат да ја измрсат косата и да ја направат уште потенка.

За конечно да го решите проблемот со вашата ретка коса, погледнете ги 5-те фризури што ќе ѝ дадат густина:

Долга коса со слоеви

Сигурно веќе знаете дека ретката коса изгледа погусто кога е кратка. Но доколку сакате долга коса, скратете ја во слоеви. Само внимавајте да нема голема разлика во должината на степенот, а предниот дел од косата нека го врами лицето.

5-frizuri-shto-se-odlichni-za-retka-i-tenka-kosa-02.jpg

Боб фризура

Ова е една од најпопуларните фризури за тенка коса и можете да ја направите со или без шишки. Најдобрата должина за оваа фризура е до брадата или клучните коски. Оваа фризура ќе ја направи вашата коса погуста, а можете да ја направите рамна или заоблена

5-frizuri-shto-se-odlichni-za-retka-i-tenka-kosa-03.jpg

Долга коса со шишки и степен

Доколку не сакате да ја скратите косата, а сакате да го освежите изгледот, тогаш направете си шишки и скратете ја косата степенасто во неколку слоеви. Косата ќе ви изгледа многу погусто, а најдоброто е што ќе ви биде потребно многу малку време за да ја обликувате.

5-frizuri-shto-se-odlichni-za-retka-i-tenka-kosa-04.jpg

„Пикси“

Оваа фризура е одлична за тенка коса бидејќи веднаш ѝ го зголемува волуменот. Доколку ја одберете оваа фризура, избегнувајте да користите премногу препарати за обликување.

Тие не само што побрзо ќе ви ја измрсат косата, туку и ќе направат да „спласне“.

5-frizuri-shto-se-odlichni-za-retka-i-tenka-kosa-05.jpg

Подолга боб фризура со патец од страна

Доколку сакате коса со средна должина, ова е совршената фризура за вас. Патецот од страна ќе ѝ даде густина на косата, а самата фризура изгледа неверојатно без многу труд.

5-frizuri-shto-se-odlichni-za-retka-i-tenka-kosa-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 фризури за на плажа со кои секогаш ќе бидете средени (без фенирање и мака) Не мора секој ден да се мачите и да ја фенирате косата или да правите тешки фриз...
Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...

Најчитани неделава