Пробајте ги вежбите против стареење на Меган Маркл


Пробајте ги вежбите против стареење на Меган Маркл

Никола Џос е омилениот естетичар на Меган Маркл кој направил негова техника за одржување на добриот изглед на кожата на лицето.

probajte-gi-vezhbite-protiv-stareenje-na-megan-markl-01.jpg

Неговата техника вклучува масажа со која се подобрува тенот и текстурата на кожата, се отстрануваат отоците, се активира производството на колаген и се зајакнуваат мускулите.

За среќа, Никола ја споделил неговата тајна, па сега и вие самите можете да си направите третман.

Нанесете масло

Кога ќе почнете со масажата, можно е да почувствувате малку болка. Во тој случај треба да го намалите притисокот.

Најпрво важно е да нанесете есенцијално масло или каква било крема за навлажнување на лицето и вратот. Ставете неколку капки на вашите прсти, втријте го маслото на дланките и потоа нанесете го на лицето.

probajte-gi-vezhbite-protiv-stareenje-na-megan-markl-02.jpg

Релаксирајте се

Затворете ги очите и покријте го лицето со дланките. Држете ја положбата неколку секунди, а потоа придвижете ги дланките кон вратот.

Со овој чекор ја подготвувате вашата кожа, па немојте да притискате многу силно.

probajte-gi-vezhbite-protiv-stareenje-na-megan-markl-03.jpg

Подгответе ја кожата

Нанесете малку притисок и придвижете ги дланките од центарот на лицето кон надвор.

Сега веќе го активиравте лимфниот систем и доволно ја загреавте кожата за масажата.

probajte-gi-vezhbite-protiv-stareenje-na-megan-markl-04.jpg

Мали кругови

Почнувајќи од средината на лицето, почнете да го втривате маслото на кожата со мали кружни движења. Движете ги дланките кон надвор и нагоре.

probajte-gi-vezhbite-protiv-stareenje-na-megan-markl-05.jpg

Масажа на вилицата

Со показалецот и средниот прст на двете раце поминете по линијата на вилицата, сè до ушите. Ова е одличен начин да ја одржите контурата на вашето лице.

Повторете 6 пати.

probajte-gi-vezhbite-protiv-stareenje-na-megan-markl-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ги намалуваат отоците и брчките околу очите Кога ќе влезете во парфимерија, изборот на креми за нега на кожата околу очите е...
Какви се одблизу лицата на познатите дами кои не користат ботокс? (фот... Додека некои ѕвезди изгледаат како времето за нив да застанало, па неретко имаат...
Мини водич: Како да позирате во бикини? Сите жени, без оглед на обликот на телото кој го имаат или пак моделот на бикини...