Пробајте ги вежбите против стареење на Меган Маркл

Подигнување на образите

Со показалците и средните прсти најдете ја основата на јаболкниците. Потоа придвижете ги прстите нагоре држејќи ги во форма на латинската буква V.

Оваа вежба е одлична за вашите образи.

Повторете 6 пати.

probajte-gi-vezhbite-protiv-stareenje-na-megan-markl-07.jpg

Јаболкници

Со внатрешноста на дланките притиснете ја основата на вашите јаболкници и потпрете ја главата на дланките. Држете ја положбата 10-тина секунди.

Поставете ја внатрешноста на дланките на основата на јаболкниците и придвижете ги под нив.

Повторете 6 пати.

probajte-gi-vezhbite-protiv-stareenje-na-megan-markl-08.jpg

Околу очите

Масажата на областа под очите ќе ги намали отоците и темните кругови.

Започнете со нежно тапкање под очите со показалецот и средниот прст. На овој начин ќе ја загреете и ќе ја подготвите кожата за масажа.

Поставете го показалецот во близина на работ од окото и почнете да го масирате делот под очите со средниот прст.

probajte-gi-vezhbite-protiv-stareenje-na-megan-markl-09.jpg

Чело

Поставете ги прстите малку над вашите веѓи и нанесете притисок, движејќи ги нагоре и кон надвор. Повторете 6 пати.

Оваа вежба ќе ја намали видливоста на брчките на челото.

probajte-gi-vezhbite-protiv-stareenje-na-megan-markl-10.jpg

Врат

Поставете ги дланките на средината од вратот и движете ги од центарот кон рамената.

Повторете по 3 пати на секоја страна.

probajte-gi-vezhbite-protiv-stareenje-na-megan-markl-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...

Најчитани неделава