Зошто понекогаш изгледате постаро отколку што навистина сте?

Колку пати сте забележале дека изгледате постаро на фотографии или огледало, а колку пати ви рекле дека изгледате помладо во живо?

zoshto-ponekogash-izgledate-postaro-otkolku-shto-navistina-ste-01.jpg

А многу пати, пак, кога некој се обидува да погоди нечија возраст, мисли дека личноста е многу постара отколку што навистина е.

Секој се чувствува убаво кога ќе му дадат комплимент за изгледот, но некогаш, можете да изгледате многу постаро.

Причината за ова не се вашите брчки или вашата возраст, туку неколку фактори што сигурно не сте ги зеле предвид.

(Не) Изедначен тен

Дамките на кожата и неправилната распределеност на меланинот во клетките на кожата, можат да предизвикаат неизедначен тен. Ова може да направи да изгледате многу постаро.

zoshto-ponekogash-izgledate-postaro-otkolku-shto-navistina-ste-02.jpg

Волумен

Во овој случај станува збор за усните, јаболкниците и образите, бидејќи овие делови од лицето се најистакнати. Кога ќе ги нагласите овие делови, ќе изгледате многу помладо.

zoshto-ponekogash-izgledate-postaro-otkolku-shto-navistina-ste-03.jpg

Големина на очите

Изгледа дека колку поголеми ви се очите, толку помладо изгледате. Со текот на времето, горните очни капаци се зголемуваат и го прекриваат горниот дел од окото, па поради ова потсвесно ги поврзуваме малите очи со постара личност.

zoshto-ponekogash-izgledate-postaro-otkolku-shto-navistina-ste-04.jpg

Еластичност на кожата

Ако кожата е потенка, таа може да се растегне. Кога кожата е еластична, цртите на вашето лице изгледаат подобро, а вие ќе изгледате помладо.

zoshto-ponekogash-izgledate-postaro-otkolku-shto-navistina-ste-05.jpg

Големина на ушите и носот

Колку се помали ушите и носот, толку помладо изгледа лицето. Причината е што ушите и носот се делови од телото кои растат во текот на целиот живот. Поради ова, ако некој има поголеми уши и нос, мислиме дека е постар.

zoshto-ponekogash-izgledate-postaro-otkolku-shto-navistina-ste-06.jpg

Брчки

Ова е веќе очигледно – колку помалку брчки имате, толку помладо ќе изгледате. Доколку имате брчки, а сакате да изгледате помладо на фотографии, осигурете се дека тенот на вашето лице е изедначен.

Истовремено, обидете се да не ги нагласувате ушите и носот.

Важно е да знаете дека и младите можат да имаат брчки, па нема потреба да се грижите за нив.

zoshto-ponekogash-izgledate-postaro-otkolku-shto-navistina-ste-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Брчки, лузни: Славни дами кои не ги кријат своите мали „несовршености“ Од фалтички на вратот до флеки кои се појавуваат со текот на годините по деколте...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...
Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg