Против акни, против брчки и уште 4 домашни маски за лице

Маската од банана, куркума и мед е одлична за проблематична кожа со акни, додека маската со маслиново масло и мед ќе ви помогне да ја намалите видливоста на брчките.

nahranete-go-liceto-7-domashni-maski-za-sjajna-kozha-01.jpg

Кожата е најголемиот орган на нашето тело. Во зависност од различни фактори како генетските предиспозиции и начинот на исхрана, секој од нас има различен тип кожа - нормална, сува, мрсна или комбинирана - која бара различна нега.

Маските за лице се одличен хранлив додаток кон вашата рутина за нега на кожата. Може да ги нанесувате еднаш неделно или поретко, во зависност од вашите потреби.

Како самите да направите едноставни, но хранливи маски за лице?

Маски со основа банана

Ако постои овошје кое ги содржи сите хранливи состојки потребни за нега на лицето, тоа е бананата.

Богата е со витамин А кој ќе се погрижи за вашите подочници, витамин Е кој е антиоксидант и го намалува штетното влијание на сончевите зраци, а воедно ја хидрира и штити кожата од сушење.

За сјајна кожа:

Помешајте една банана со четвртина шолја јогурт и две лажици мед. Нанесете ја смесата на вашето лице и оставете ја до 20 минути, а потоа измијте ја со ладна вода.

За проблеми со мозолчиња или акни

Куркумата е одлична состојка која ги уништува бактериите. Состојките за маската се исти како претходната, само медот заменете го со една лажичка куркума и оставете ја оваа смеса околу 15 минути, а потоа измијте го лицето.

За хидратација на лицето

Испасирајте една банана и едно авокадо и додајте една лажичка мед. Смесата нека стои на вашето лице околу 20 минути, потоа измијте се со млака вода.

Nahranete-go-liceto-7-domashni-maski-za-sjajna-kozha-02.jpg

Маска со благ сенф

Благиот сенф ги чисти порите на лицето бидејќи содржи сулфур, кој ги уништува бактериите и истовремено е богат со витамин А, Ц и К.

Пред употреба, тестирајте мала количина сенф на дел од кожата бидејќи може да бидете чувствителни на него и тоа да предизвика несакана реакција како иритација.

Може да направите маска само од сенф, а може и да го комбинирате со други состојки како следнава маска за чистење на порите:

Потребна ви е една лажица сенф, една мала лажичка лимон и една лажица маслиново масло. Измешајте ја смесата и оставете ја на вашето лице до 15 минути. Измијте се со топла вода.

Доколку имате акни на лицето, не додавајте лимон.

Nahranete-go-liceto-7-domashni-maski-za-sjajna-kozha-03.jpg

Маски со маслиново масло

Доколку имате сува и иритирана кожа, маслиновото масло ќе ја регенерира и нахрани. Користете квалитетно и ладно цедено масло.

Не се препорачува овие маски да ги користите повеќе од двапати неделно, бидејќи поради својата густина може да ги затвори порите при пречеста употреба.

За мека кожа и против брчки:

Направете смеса од една лажица маслиново масло, една лажица мед и свежо изрендана кора од портокал. Може да додадете и малку бадемово масло. Нанесете ја маската на лицето и вратот и оставете ја до 15 минути, а потоа измијте се со ладна вода.

За сјајна и нахранета кожа:

Испасирајте едно авокадо и измешајте го со половина шолја маслиново масло додека смесата стане конзистентна. Нека стои на вашето лице околу 15 минути по нанесувањето, а потоа измијте со млака вода.

Авокадото може да го замените со две лажици бела глина.

Nahranete-go-liceto-7-domashni-maski-za-sjajna-kozha-04.jpg

A.T. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава