Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто дланките ви изгледаат „старо“ и како да го решите овој проблем?

Сигурно знаете како да се грижите за кожата на вашето лице – редовно нанесувате хидратантна крема, не излегувате без заштита од сонце, купувате серуми за намалување на брчките…

zoshto-vashite-dlanki-izgledaat-staro-i-kako-da-go-reshite-ovoj-problem-01.jpg

Но што е со вашите дланки? Знаевте ли дека ако не се грижите за вашите дланки како што се грижите за вашето лице, на нив брзо ќе се појават знаци на стареење?

Доколку веќе сте забележале дека вашите дланки изгледаат постаро од вас, најверојатно тоа е поради некоја од следниве причини:

Пеги

Пегите на дланките не се појавуваат поради вашата возраст, туку поради изложеноста на сонце.

Доколку сакате да се сончате, најверојатно порано ќе ви се појават овие дамки. Најчесто, дамките се појавуваат после 50-тата година.

Ова не значи дека секогаш треба да ги криете вашите дланки. Доволно е пред излегување да нанесете крема со заштитен фактор 30. Одново нанесувајте ја кремата после секое миење на рацете или на секои два часа.

Груба кожа

Грубата и сува кожа секогаш изгледа постаро. Доколку ова е вашиот проблем, набавете крема што содржи ретиноиди.

Овие креми ја подобруваат текстурата на кожата и го поттикнуваат лачењето на колаген.

Бидејќи овие креми најчесто се купуваат со рецепт, немојте да ги користите пред да се консултирате со дерматолог.

zoshto-vashite-dlanki-izgledaat-staro-i-kako-da-go-reshite-ovoj-problem-02.jpg

Лупење на кожата

Како грубата, и кожата што се лупи секогаш изгледа постаро.

За да се справите со овој проблем, пред спиење направете нежен пилинг на дланките, за да го отстраните вишокот кожа. Потоа измешајте глицерин и растително масло и со смесата намачкајте ги дланките.

Завиткајте ги во пластична фолија и оставете ја смесата да делува што е можно подолго.

Потемнети и пожолтени нокти

Доколку ноктите ви се пожолтени или потемнети, најпрво треба да ја најдете причината за тоа.

Доколку промената на бојата е придружена со болка, тогаш можно е да станува збор за габична инфекција. Ова е проблем за кој веднаш треба да се консултирате со лекар.

Доколку не станува збор за инфекција, тогаш нема потреба од грижа, бидејќи промената на бојата е безопасен несакан ефект - некои лекови и лаковите за нокти го предизвикуваат ова.

За да ги осветлите потемнетите нокти, можете да ги триете со свеж лимон. А, следниот пат кога ќе се лакирате, не заборавајте да нанесете и слој заштитен лак.

zoshto-vashite-dlanki-izgledaat-staro-i-kako-da-go-reshite-ovoj-problem-03.jpg

Кршливи нокти

Водата, изложеноста на хемикалии, променливото време, па дури и генетиката, можат да бидат причина за кршливи ноти.

Во овој случај ќе ви помогнат додатоци во исхраната кои содржат витамин Б.

Застарен маникир

Трендовите за нокти постојано се менуваат, па ако сакате дланките да ви изгледаат помладо, би требало да бидете во тек.

Моментално најпопуларни се пократките нокти, не подолги од ¼ центиметри над прстот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секојдневни навики поради кои кожата ви старее побрзо (и ви се појавуваат брчки) Не ставате крем со фактор, водите грижа само за кожата на лицето и користите нес...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
„Млечни нокти“ - тренд на кој нема да можете да му одолеете (фото) За оние кои често ги менуваат формата и бојата на ноктите, новиот тренд „млечни ...
Активни состојки во продукти за кожа кои се идеални за зима (ја штитат од сушење и загаден воздух) Витаминот Ц е идеален за зимските денови бидејќи ја штити кожата од загадувањето...
Мека кожа и цврсти нокти: Совети за беспрекорен изглед на дланките Користете масло за кутикули, а ако имате многу сува кожа на дланките, редовно ст...
12 жени кои отишле во непроверен салон за убавина и зажалиле (фото) Ужасно лош маникир, шминка која личи како да ја правело дете, а не шминкер - иск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg