Како сами да си направите совршени нокти во домашни услови?

Одењето на маникир може да ви одземе многу време, но и да ве чини многу пари.

kako-sami-da-si-napravite-sovrshen-manikir-01.jpg

За среќа, нема потреба да одите во салон за вашите дланки да изгледаат беспрекорно.

Постојат неколку трикови и техники кои се навистина лесни, а ќе ви помогнат да го направите совршениот маникир.

Стругајте ги ноктите со турпија во една насока

Пред да го нанесете лакот, треба да ги подготвите ноктите.

Кога ќе ги стругате ноктите со турпија, почнете од едниот раб и бавно и нежно движете се кон центарот. Продолжете кон другиот раб и стругајте само во една насока.

На овој начин нема да ги оштетите ноктите.

kako-sami-da-si-napravite-sovrshen-manikir-02.jpg

Нанесете заштитен слој

Нема ништо полошо од излупен лак, но има начин да го спречите тоа. Сè што треба да направите е да нанесете 2 слоја заштитен лак.

Со првиот слој можете да го покриете долниот дел од ноктот, а вториот слој нанесете го низ целиот нокт.

На овој начин, лакот подолго ќе остане на ноктите.

kako-sami-da-si-napravite-sovrshen-manikir-03.jpg

Употребете вазелин

Кога се лакирате сами, секогаш постои опасност дел од лакот да заврши на прстот. За да го избегнете ова, употребете вазелин.

Со чепкалка за уши нанесете малку вазелин на кожата околу ноктот. На овој начин ќе направите еден вид заштита, па ако направите грешка, лесно ќе можете да ја поправите.

kako-sami-da-si-napravite-sovrshen-manikir-04.jpg

Не го тресете лакот

Ако вашиот омилен лак е малку застарен, тогаш ќе треба да го промешате. Но во овој случај подобро е да не го тресете шишето, бидејќи така можете да создадете воздушни меури кои ќе го уништат маникирот.

Наместо тоа, ставете го шишенцето лак помеѓу дланките и тркалајте го.

kako-sami-da-si-napravite-sovrshen-manikir-05.jpg

Почнете со лакирање од средината на ноктот

Најдобро е да не го прекривате целиот нокт со лак одеднаш. Во тој случај постои поголема можност да направите грешка.

Секогаш почнувајте со лакирање од долниот среден дел на ноктот и бавно движете ја четката кон страните. Кога ќе ги завршите страните, лакирајте ја и средината.

kako-sami-da-si-napravite-sovrshen-manikir-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како лакот за нокти да ви трае подолго од два дена? Темелно измијте ги исушете ги ноктите пред лакирање, и не заборавајте да ставите...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Изберете маникир според хороскопскиот знак, за до крајот на летото (фото) Ако сте Овен може импулсивно да изберете маникир, па да се каете, а ако сте Деви...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
5 идеи за совршен маникир за на работа, по летните одмори Без оглед на бојата што ќе ја изберете за своите нокти, клучниот детаљ е во совр...

Најчитани неделава