Како сами да си направите совршени нокти во домашни услови?

Нанесете горен слој

Можете и да го прескокнете овој чекор, но во тој случај маникирот ќе ви трае пократко.

Воглавно, горниот слој е како заштита за долниот и му дава сјаен финиш на ноктите.

kako-sami-da-si-napravite-sovrshen-manikir-07.jpg

„Исушете“ го лакот во студена вода

Доколку не ви се чека да ви се исуши лакот, постои трик и за тоа.

Наполнете сад со многу студена вода и во него ставете ги прстите. Држете ги неколку минути и лакот ќе се исуши многу побрзо.

kako-sami-da-si-napravite-sovrshen-manikir-08.jpg

Поправете ги грешките со топла вода

Ако сепак сте ставиле малку лак и на кожата, можете да го средите тоа.

Откако ќе ви се исуши лакот, измијте ги дланките со топла вода и добро истријте ги местата каде што има лак.

kako-sami-da-si-napravite-sovrshen-manikir-09.jpg

Отстранување на лакот со фолија

Понекогаш отстранувањето на лакот може да биде покомплицирано од самото лакирање. Во тој случај можете да употребите алуминиумска фолија.

Натопете памук со отстранувач на лак за нокти, ставете го на парче фолија и завиткајте го ноктот со неа.

Оставете ја фолијата околу 5 минути и потоа отстранете го лакот.

kako-sami-da-si-napravite-sovrshen-manikir-10.jpg

Паста за заби за пожолтени нокти

Факт е дека лаковите оставаат дамки на ноктите, но можете да им ја намалите видливоста со паста за заби. Сè што треба да направите е да ги исчеткате ноктите со паста за заби.

Покрај тоа, пастата за заби може да ви помогне и да го отстраните вишокот лак од кожата околу ноктите.

kako-sami-da-si-napravite-sovrshen-manikir-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како лакот за нокти да ви трае подолго од два дена? Темелно измијте ги исушете ги ноктите пред лакирање, и не заборавајте да ставите...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Изберете маникир според хороскопскиот знак, за до крајот на летото (фото) Ако сте Овен може импулсивно да изберете маникир, па да се каете, а ако сте Деви...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
5 идеи за совршен маникир за на работа, по летните одмори Без оглед на бојата што ќе ја изберете за своите нокти, клучниот детаљ е во совр...

Најчитани неделава