7 лесни трикови со кои шминката секогаш ќе ви изгледа совршено

Теоретски секојдневниот и „природен“ изглед треба да може да се постигне лесно, но често забораваме на најосновните правила кои не ни дозволуваат да изгледаме како професионалци кога станува збор за нанесувањето на шминка.

7-lesni-trikovi-so-koi-sminkata-sekogas-ke-vi-izgleda-sovrseno+01.jpg

Сите имаме своја и уникатна секојдневна постапка до која се придржуваме кога станува збор за шминкањето. Но, дали знаете кои се основните и најлесните трикови со кои вашата шминка секогаш ќе ви изгледа свежо и совршено?

Во продолжение прочитајте ги 7-те клучни трикови за совршена шминка:

Секогаш хидрирајте ја кожата пред да нанесете шминка

Кога кожата изгледа одлично, тогаш и целата шминка изгледа одлично, зарем не?

Затоа секогаш одвојувајте повеќе време на вашиот ритуал за нега на кожа и трудете се секогаш да ви биде добро хидрирана и подготвена за да нанесете шминка врз неа.

Кожата е убедливо делот на кој треба најмногу да посветите време кога се шминкате.

7-lesni-trikovi-so-koi-sminkata-sekogas-ke-vi-izgleda-sovrseno+02.jpg

Внимателно одберете ја нијансата на пудрата и коректорот

Ова можеби е и клучното правило за добра шминка. Секогаш кога купувате пудра или коректор внимавајте на нијансата.

За правилно да ја одберете нијансата направете тест кога купувате, со тоа што ќе ја испробате пудрата на вашата брада наместо на дланката и исто така секогаш правете го тоа под услови на добра светлина.

7-lesni-trikovi-so-koi-sminkata-sekogas-ke-vi-izgleda-sovrseno+03.jpg

Користете камена пудра

Со цел шминката да ви трае цел ден или вечер, не треба никогаш да заборавате на камената пудра.

Тоа ќе помогне вашата шминка да изгледа штотуку нанесена и не многу „тешко“ врз вашата кожа. Исто така камената пудра ќе спречи вашата кожа да го добие оној непосакуван сјај во текот на денот или вечерта.

7-lesni-trikovi-so-koi-sminkata-sekogas-ke-vi-izgleda-sovrseno+04.jpg

Не претерувајте со контурите и руменилото

Контурите и руменилото изгледаат многу добро на фотографии, но кога станува збор за секојдневна шминка никогаш не треба да се претерува со нив.

Доволно е да ги нанесете минимално со цел да ги истакнете вашите црти на лицето и да му дадете малку повеќе форма и облик.

7-lesni-trikovi-so-koi-sminkata-sekogas-ke-vi-izgleda-sovrseno+05.jpg

Не ги исцртувајте веѓите премногу

Велат дека веѓите се „рамките“ на лицето и навистина е така. Веѓите ни даваат посебен облик и нагласеност врз нашите лица, па затоа треба да го извлечеме најдоброто од нив.

Премногу исцртани веѓи никогаш не изгледаат добро, па затоа трудете се да го избегнувате овој Инстаграм тренд кој некогаш трендсетерките го наметнуваат.

7-lesni-trikovi-so-koi-sminkata-sekogas-ke-vi-izgleda-sovrseno+06.jpg

Истакнете ги трепките

Никогаш не ја изоставајте маскарата и виткачот на трепки. Трепките имаат моќ да ни го „разбудат“ цело лице и да придонесат нашите очи да изгледаат поголеми, па затоа никогаш немојте да го прескокнувате овој чекор кога нанесувате шминка.

За мрзеливи денови кога не се чувствувате во топ форма, доволно е да нанесете само маскара и BB крема или пак пудра и да изгледате одлично.

7-lesni-trikovi-so-koi-sminkata-sekogas-ke-vi-izgleda-sovrseno+07.jpg

Одберете го карминот според нијансата на вашата кожа

Постојат многу нијанси на црвено, бордо, розово, кафеаво… И секогаш треба да се потрудиме да ја одбереме совршената нијанса која ни одговара со тенот на нашата кожа.

7-lesni-trikovi-so-koi-sminkata-sekogas-ke-vi-izgleda-sovrseno-007.jpg

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо Бразилките пијат вода од кокос, не излегуваат од дома без заштитен фактор дури и...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...
Како да ја искористите тиквата во рутината за убавина + кои се здравствените придобивки? Пилинг за тело, маска за мрсна кожа, но и маска за педикир - за што сè можете да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg