5 трикови за подобра кожа без да „фрлате“ огромна сума пари

Скапите козметички производи не се секогаш тајната за здрава и совршена кожа.

5-trikovi-za-podobra-koza-bez-da-frlate-ogromni-pari-za-kozmetika+01.jpg

Многу голема улога овде имаат и здравите секојдневни навики, на кои не им даваме многу големо значење и не сме ни свесни колку влијаат врз изгледот на нашата кожа.

Нареден пат кога вашата кожа нема да ве „слуша“, запрашајте се дали ги почитувате подолу наведените  „златни“ правила:

Спијте најмалку 8 часа дневно

Никој козметички препарат, без разлика на цената, ја нема истата моќ како квалитетниот сон од 8 часа. Додека спиеме, нашата кожа целосно се регенерира и затоа е многу важно да го почитуваме ова правило.

Притоа, значително ќе ги намалите знаците на стареење и брчките на лицето доколку обичната навлака за перница ја замените со свилена.

Запрашајте се каква шминка користите

Многу често главните виновници за лоша кожа можат да бидат самите шминки кои секојдневно ги користиме. Затоа, секогаш треба многу да внимаваме кога ги избираме и да не штедиме бидејќи сепак, ги нанесуваме на лицето.

Исто така е многу важно да ѝ дадете неколку „слободни“ денови на кожата и да ја оставите да „дише“ без да користите шминка.

Медитирајте и оставете ги стресовите настрана

Стресот многу се одразува на нашата кожа и неретко се манифестира со појава на брчки, предвремено стареење, мозолчиња и секакви несовршености.

5-trikovi-za-podobra-koza-bez-da-frlate-ogromni-pari-za-kozmetika+02.jpg

Вежбајте

Вежбањето е многу важен фактор кога станува збор за здрава и сјајна кожа. Со ова не само што ќе се чувствувате и изгледате подобро, туку физичката активност помага и при регенерација на кожните клетки и исфрлањето на токсините од кожата.

Вежбањето ги ослободува и таканарачените „среќни“ хормони кои го подобруваат расположението.

Јадете здраво

Доколку диетата не ви е регулирана и не водите сметка што внесувате во вашиот организам, кожата е првата која ќе настрада и која ќе има последици од тоа.

Затоа, многу е важно да внимавате и да се трудите вашата исхрана да биде богата со многу витамини, минерали и протеини.

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава