10 трикови и навики што ќе ви помогнат да изгледате фантастично и без шминка

Многу двојки уживаат во шминкањето, но факт е дека понекогаш немате ни време, ни енергија за тоа.

10-naviki-shto-kje-vi-pomognat-da-izgledate-fantastichno-i-bez-shminka-01.jpg

Па, сигурно ве интересира како можете да изгледате одлично, без секое утро да трошите време за шминкање.

Постојат неколку едноставни навики и неколку мали промени што треба да ги направите, а што ќе ви помогнат да ги нагласите вашите природни карактеристики.

Во продолжение прочитајте за неколку од нив:

Инвестирајте во свилени навлаки за перница

Знаевте ли дека можете да се разубавувате додека спиете? Сè што ви треба е свилена навлака за перница.

Овој материјал предизвикува помалку триење на кожата и косата, а со тоа ги спречува иритацијата и оштетувањето.

Истовремено, свилата ја одржува и чистота на косата и лицето и го спречува сушењето на кожата. Памукот, од друга страна, може да ги впие сите природни масла од вашата кожа и да ја исуши.

Свилената перница се покажала како одлична за луѓето кои имаат акни.

10-naviki-shto-kje-vi-pomognat-da-izgledate-fantastichno-i-bez-shminka-02.jpg

Масирајте го лицето

Масажата може значително да го подобри изгледот на вашето лице.

Ако сакате да ја омекнете кожата и да ја подобрите циркулацијата, масажата ќе ви помогне во тоа. На овој начин ќе ги отстраните и нечистотиите од кожата.

Само внимавајте – најдобро е да ја избегнувате кожата околу очите, бидејќи е премногу чувствителна.

10-naviki-shto-kje-vi-pomognat-da-izgledate-fantastichno-i-bez-shminka-03.jpg

Оформете ги веѓите

Денес можете да ги направите веѓите во која било форма, па експериментирајте додека не го добиете најдобриот изглед.

Доброто е што не мора секогаш да користите пинцета. Односно, можете да ги средите веѓите само со ножички, така што ќе ги скратите „непослушните“ влакна.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....

Најчитани неделава