Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 причини зошто вашата коса се мрси многу често

Пречесто ја чешлате и допирате косата

Кога ја допирате косата, на неа ги пренесувате сите масти и бактерии од вашите дланки.

Истовремено, и претераното чешлање не е добро и ви прави повеќе штета отколку што ви помага. Честото чешлање ги разнесува мастите низ целата коса и го намалува нејзиниот волумен.

Што да правите?

Најдете начин да се одвикнете од допирањето на косата, особено ако тоа го правите потсвесно. Притоа, најдобро е да ја чешлате косата не повеќе од двапати дневно, и тоа со чист чешел или четка.

7-prichini-zoshto-vashata-kosa-se-mrsi-premnogu-chesto-05.jpg

Изложени сте на премногу стрес

Стресот го поттикнува лачењето на хормонот кортизол. Овој хормон, пак, го поттикнува лачењето на масти, па ако редовно сте изложени на стрес, тоа може да се одрази и на вашата коса.

Што да правите?

Во овој случај морате да поработите на вашиот животен стил и вашите навики. Најдете начин да се справите со стресот и тоа не само поради вашата коса, туку и поради менталното здравје.

7-prichini-zoshto-vashata-kosa-se-mrsi-premnogu-chesto-06.jpg

Пречесто ја миете косата

Можеби звучи чудно, но секој фризер ќе ви каже дека колку почесто ја миете косата, толку почесто ќе се мрси.

На нашиот скалп има илјадници бактерии кои го одржуваат здравјето на кожата. Кога пречесто ја миете кожата, ја нарушувате нивната рамнотежа, а како резултат на скалпот се лачат повеќе масти.

Што да правите?

Постепено почнувајте да ја миете косата поретко. Ако сте ја миеле секој ден, сега почнете да ја миете преку еден, па потоа преку два.

Ако живеете во помал град или во село, можете поретко да ја миете косата бидејќи воздухот е почист. Доколку живеете во поголем град, поради надворешните влијанија ќе треба да ја миете косата почесто. Воглавно, експертите препорачуваат дека миењето двапати неделно е сосема доволно.

7-prichini-zoshto-vashata-kosa-se-mrsi-premnogu-chesto-07.jpg

Едноставно, таков ви е организмот

Некои типови коса полесно се мрсат за разлика од други. На пример, луѓето со права коса почесто имаат проблем со мрсна коса, за разлика од луѓето со виткана.

Што да правите?

Доколку проблемот со мрсната коса ви претставува сериозен проблем, најдоброто решение е да одите на лекар. Понекогаш причината за честото мастење на косата можат да бидат други проблеми, како хормонална нерамнотежа.

Без разлика која е причината кај вас, вашиот лекар ќе може да ви помогне, но не мора тоа да го правите панично, сепак е поредок случај.

7-prichini-zoshto-vashata-kosa-se-mrsi-premnogu-chesto-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

15 мажи чиј лик потполно се смени со новата фризура (фото) Едни пуштаат коса, други ја бричат главата бидејќи почнале да ќелават, а трети с...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
12 дами кои покажаа дека се убави и со седа коса (и не се срамат од белите влакна) „Имам 34 години и веќе 18 месеци ја растам седата коса - никогаш не сум имала по...
Секојдневни навики поради кои кожата ви старее побрзо (и ви се појавуваат брчки) Не ставате крем со фактор, водите грижа само за кожата на лицето и користите нес...
Боја на коса која ќе биде хит во 2025 – за дамите кои сакаат луксузен и богат изглед Впечатлива и богата, а истовремено топла и пријатна чоколадна нијанса е бојата к...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg