Зошто кремите со заштитен фактор треба да бидат дел од секојдневната нега на кожата?

Знаевте ли дека УВ зраците можат да предизвикаат штета на кожата дури и на облачно време? Кремите со заштитен фактор треба да станат дел од секојдневната нега на кожата, и тоа од неколку причини.

zoshto-kremite-so-zashtiten-faktor-treba-da-bidat-del-od-sekojdnevnata-nega-na-kozhata-01.jpg

За лицето, најдобро е да користите крема со заштитен фактор 30, па дури и 50, и тоа да ја нанесете барем 20 минути пред излегување.

Во продолжение погледнете зошто овие креми се многу важен дел од негата на вашата кожа:

Го намалуваат ризикот од рак на кожата

Веќе знаеме дека УВ зраците можат да бидат причина за рак на кожата, а овие креми ве штитат токму од нив. Не значи дека ќе ве заштитат 100%, но ризикот е помал.

Ја спречуваат нееднаквата боја на кожата

Долгата изложеност на УВ зраци може да предизвика и нееднаква пигментација, како пеги, темни дамки на лицето и слично.

zoshto-kremite-so-zashtiten-faktor-treba-da-bidat-del-od-sekojdnevnata-nega-na-kozhata-03.jpg

Го забавуваат стареењето на кожата

УВ зраците можат и да го забрзаат стареењето на кожата, а заштитените креми со фактор ќе го спречат тоа.

Го спречуваат настанувањето на опасни изгореници

Сите знаеме колку лошо изгледаат затворениците од сонце, но и колку се болни. Кремите ќе ја спречат и оваа појава.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...

Најчитани неделава