Иритација, црвенило – Решенија за честите летни проблеми со бикини зоната

Бикини зоната претставува сериозен проблем и предизвик во летните месеци, поради облекувањето на костими за капење.

iritacija-crvenilo-resenija-za-cestite-letni-problemi-so-bikini-zonata-1_resize.jpg

Жилетите и лентите за депилација ни се секојдневие, а посебно внимание треба да обрнете на 9 работи.

Како да ги решите летните проблеми со бикини зоната?

1. Избегнувајте рамни, еднократки жилети и бричеви за отстранување на влакненцата. Тапите жилети само ви ја иритираат кожата, без да ги отстранат влакненцата. Секогаш користете бричеви со што повеќе жилети може.

2. По депилацијата не облекувајте синтетичка облека, танга или чипкаста долна облека. Носете памучна долна облека барем 24 часа потоа.

3. Повлекувајте го бричот во насоката на која растат влакненцата. Не преминувајте повеќепати на истото место.

4. Не нанесувајте лосион со силни мириси и бои во нив, како и разни тешки хемикалии. Најдобра опција се лосионите со алое вера.

iritacija-crvenilo-resenija-za-cestite-letni-problemi-so-bikini-zonata-2_resize.jpg

5. Омекнете ја бикини зоната пред бричењето, со млака вода и производи за хигиена на интимното подрачје. Не го користете бричот на суво.

6. Не користете обичен сапун за бричење, преферирајте соодветни креми и пени за бричење.

7. Користете восок само за влакненца подолги од половина сантиметар. Во спротивно, само ќе ги искинете влакната и ќе ја иритирате кожата.

8. Не се сончајте непосредно пред и по депилацијата.

9. По депијацијата и бричењето избегнувајте базени и бањање во солена вода.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава