Купка со оцет за стапала, кокос за здив - Како природно да се ослободите од непријатните мириси на телото?

Иако телесните миризби се сосем нормални, никој не сака да мириса непријатно.

domashni-recepti-shto-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-neprijatnite-telesni-mirizbi-01.jpg

Дури и ако обрнувате многу внимание на вашата хигиена, можно е да се соочите со непријатна миризба, особено од стапалата или пазувите.

Најчесто, главниот виновник за ова се бактериите и микробите кои се наоѓаат на нашето тело, но, за среќа, постојат состојки со кои можете да ги уништите.

Можеби ништо нема да ги замени купечките дезодоранси и антиперспиранти, но ако сте останале без нив или сакате поприродна алтернатива, пробајте ги следниве домашни рецепти:

Купка со оцет

Киселините во оцетот можат да ги отстранат бактериите, габите и разните микроби.

За да си направите купка, измешајте оцет и вода во сооднос 1:2. Можете да додадете и неколку капи од вашето омилено есенцијално масло.

Потопете ги стапалата во купката околу 20 минути. Повторувајте го ова еднаш дневно, сè додека не забележите дека непријатниот мирис се намалува.

domashni-recepti-shto-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-neprijatnite-telesni-mirizbi-02.jpg

Пилинг за тело од кафе

Кафето има силна арома и е познато дека може да ги апсорбира другите мириси. Овој пилинг може да ви помогне и да ги отстраните миризбите од дланките, како од риба или кромид, а можете да го користите и за целото тело.

За да го направите пилингот, измешајте мелено кафе и кокосово или маслиново масло во исто сооднос, а можете да додадете и есенцијално масло. Потоа користете го како и секој пилинг – навлажнете ја кожата, масирајте се со пилингот, па исплакнете.

Користете го овој пилинг еднаш неделно.

domashni-recepti-shto-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-neprijatnite-telesni-mirizbi-03.jpg

Вода со лимон

Лимонот е богат со цитрусна киселина и витамин Ц, кои можат да ги отстранат бактериите одговорни за непријатните миризби.

Ако користите лимон, внимавајте да не го нанесувате на кожата пред да излегувате на сонце, бидејќи неговата киселина може да реагира на сончевата светлина.

За да направите тоник, измешај сок од половина лимон и 1 чаша вода. Оваа мешавина можете да ја нанесувате на кожата со памучен тупфер, или да ја пиете.

domashni-recepti-shto-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-neprijatnite-telesni-mirizbi-04.jpg

Плакнење на устата со кокосово масло

Кокосовото масло е одлично за орална хигиена и може да ви помогне да се ослободите од лошиот здив.

Сè што треба да направите е да ставите една лажица кокосово масло во чаша вода, да се напиете и да правите гаргара 5 минути. Плукнете го маслото и исплакнете ја устата со топла вода.

domashni-recepti-shto-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-neprijatnite-telesni-mirizbi-05.jpg

Дезодоранс од сода бикарбона

Поради силната моќ на впивање, сода бикарбоната е одлична за неутрализирање непријатни миризби. Сепак, немојте да ја нанесувате оваа состојка директно на кожата, бидејќи може да предизвика алергиски реакции.

Можете да измешате исто количество сода бикарбона и топла вода и да направите паста. Нанесете ја пастата на пазувите и почекајте целосно да се исуши пред да се облечете.

domashni-recepti-shto-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-neprijatnite-telesni-mirizbi-06.jpg

Напомена: Доколку сметате дека некој од овие совети не е соодветен за вас, не мора да го пробувате. Овие совети се склоп на решенија кои корисниците на Интернет ги споделувале, а не научно потврдени.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава