Со 3 чекори во 3 минути до свежо и сјајно лице: рутина за основна хидратација

За рутината да има ефект, клучни се редовноста и упорноста. За да стекнете, но и да ја задржите навиката за нега на лице, започнете едноставно.

so-3-cekori-vo-3-minuti-do-svezo-i-sjajno-lice-rutina-za-osnovna-hidratacija-01.jpg

Правењето рутина за различни потреби и не е така тешко, она што понекогаш ни се чини невозможно е како да се задржи таа рутина константно за да има некаков резултат. Затоа, почнете постепено и со тек на време додавајте нови производи и чекори.

Негата за основна хидратација лесно ќе ја постигнете со едноставната рутина од 3 чекори – миење, серум, крема. Сите 3 чекори заедно нема да ви одземат повеќе од 3 минути наутро и навечер, а ќе направат вистинска разлика.

Рутината започнете ја со миење на лицето со нежна пена за лице со која ќе ги исчистите сите нечистотии од порите, но нема да ја исушите кожата.

so-3-cekori-vo-3-minuti-do-svezo-i-sjajno-lice-rutina-za-osnovna-hidratacija01.jpg

Продолжете со хидратантен серум кој длабоко ќе ја хидрира кожата во текот на денот и ќе ја остави сјајна и свежа. Одберете лесен серум кој веднаш ќе се впие и нема да остави никакви траги.

so-3-cekori-vo-3-minuti-do-svezo-i-sjajno-lice-rutina-za-osnovna-hidratacija02.jpg

Завршете ја рутината со хидратантна крема која ќе е нежна со вашето лице, но доволно моќна за дополнително да ја навлажни и нахрани кожата и да ја „заклучи“ хидратацијата од претходниот производ.

so-3-cekori-vo-3-minuti-do-svezo-i-sjajno-lice-rutina-za-osnovna-hidratacija03.jpg

И секако, не заборавајте, ако излегувате од домот, ставете заштитен фактор. Заштитниот фактор ќе ја заштити вашата кожа од штетните УВ зраци, ќе ве заштити од хиперпигментација и ќе оневозможи разни воспалителни процеси кои можат да се случат под влијание на сонцето.

so-3-cekori-vo-3-minuti-do-svezo-i-sjajno-lice-rutina-za-osnovna-hidratacija04.jpg

И тоа е практично крајот на вашата рутина за основна хидратација.

Не е ниту тешко, ниту пак одзема многу време, а придобивките се огромни.

Сите производи за основна хидратација на лицето можете да ги купите онлајн ТУКА.

 

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава