Македонка со фото доказ дека во 40-тите години во животот изгледа подобро отколку во 20-тите

„Ве предизвикувам да не старееме, да не се ограничуваме со години и општествени критериуми, да работиме на себе секој можен даден миг“, порачува дизајнерката Ивана Кнез.

makedonka-so-foto-dokaz-deka-vo-40-tite-godini-vo-zhivotot-izgleda-podobro-otkolku-vo-20-tite-01.jpg

Дизајнерката Ивана Кнез е позната по тоа што нема влакна на јазикот и отворено говори на секоја тема.

Таа на својот Инстаграм профил има 15.000 следбеници пред кои комплетно ја разголува душата, но и телото на моменти, сѐ со цел да порача дека најважно е да се чувствуваме удобно во своја кожа.

Со последната објава таа докажува дека годините се само бројка и нема потреба да се ограничуваме.

Дава фото докази дека самата таа изгледа подобро во 40-тите години во животот отколку во 20-тите и започнува предизвик сите да објават фотки од разни периоди во животот и да престанат да се ограничуваат од општествените критериуми како години и слично.

„Ми дадоа една одлична идеја да направам предизвик. Eве го! #challenge ве предизвикувам да не старееме, да не се ограничуваме со години и општествени критериуми, да работиме на себе секој можен даден миг и да си го создадеме светот кој гладно го сонуваме! Во едукацијата лежи основната моќ, во поддршката се чувствува иднината! А иднината им припаѓа на жените! Јас во 20-тите, 30-тите и сега веќе одам кон 40-тите! Ве предизвикувам да ме следите“, напиша Ивана Кнез.

Повеќе фотки од неа:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
12 жени кои излегоа со плачење од салон за убавина и не можеа да го скријат разочарувањето (фото) „Косата требаше да ми биде многу бледо розова, а не интензивно розова. Кога се п...
Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...
14 идеи за пролетен маникир со кои секој аутфит ќе ви изгледа поубаво (фото) Оваа сезона ноктите не треба да бидат многу долги (кусите нокти се во мода), а б...

Најчитани неделава